
Премиерот Христијан Мицкоски нема очекувања во однос на враќањето на неговиот пребеган претходник на чело на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за кого новата власт во Унгарија најави дека за него нема повеќе место таму.
„Јас немам никави очекувања, но доколку се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш откако ќе се појави, нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека за Владата сите закони важат, но додаде дека „секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува потоа жалби“.
Без да го ословува по име Груевски, Мицкоски додаде дека веќе има правосилна пресуда „со којашто лицето за коешто вие зборувате сега е упатено на отслужување на затворска казна“.
„А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања“, рече Мицкоски.
Инаку, на само еден ден по огромната изборна победа во Унгарија, Петер Маѓар изјави дека Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци, споменувајќи го Гуевски без воопшто да биде прашан за него и додавајќи дека тој е осуденик кој ќе биде депортиран.

Премиерот Мицкоски, ваквата изјава ја коментираше кратко и со дистанца посочувајќи дека тоа е прашање за кое треба да одлучува унгарската Влада.
„Мислам дека за повеќе детали треба да се обратите до Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, туку претседател на Влада“, им посочи тој на новинарите.
Лидерот на најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека власта веднаш треба да побара екстрадиција на Никола Груевски и додаде дека сега „на потег“ е министерот за правда од ЗНАМ, Игор Филков. Инаку, ЗНАМ како политичка опција која сега е во власта, произлезе токму од СДСМ, односно од нивните членови.
„Бидејќи движењето ЗНАМ веќе честиташе на победата на новиот унгарски премиер, сега го поставуваме следното прашање, има ли барање за екстрадиција досега оваа влада на ВМРО и ЗНАМ поднесено за враќање на Никола Груевски. Доколку нема, зошто нема? И доколку нема, дали денеска, во текот на денот после изјавата на новиот унгарски премиер ќе поднесат барање за екстрадиција на Никола Груевски во земјата“, праша Филипче.
Тој исто така јавно праша што ќе прави Никола Груевски, „осудениот бегалец и симбол на корупција и злоупотреба на власта, кога повеќе нема заштитник во Будимпешта“.
„Години наназад уживаше гостопримство од Виктор Орбан кој го штитеше од правдата. Ќе бега ли на друго место, во Русија или во некоја друга земја или ќе се врати тука да ја отслужи казната?“, праша Филипче.
Филипче воедно побара и истрага, како што рече „на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски“. Доаѓа време за вистина, за правда и за одговорност, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
„Владата на Христијан Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан. Не за државата, туку за свои лични бизнис интереси. Македонија веќе со години е во медиумски мрак поради медиумите контролирани од Орбан, со кои директно управува ВМРО. Резултатот политичка алатка на Мицкоски и ВМРО за лажни вести, измислени афери, деноноќни напади против СДСМ и мене лично. Орбановата компанија 4iG доби лиценца за мобилен оператор во Македонија. Со оваа лиценца влегува во 5G мрежата и добива можност да поврзат медиуми, платформи и инфраструктура во една единствена контрола. Преку тајни договори посредници Орбановиот круг имаше влијание и во енергетскиот сектор и во железницата. Во финансиите, една милијарда евра, под таканаречени пријателски услови, коишто ќе ги отплаќаат нашите внуци“, обвини Филипче.

Според него, медиумите под контрола на власта веќе почнале да ја намалуваат важноста на победата на новата демократска влада во Унгарија.
„Ботовите на социјалните мрежи работат со полна пареа, исмевајќи ја победата на Европа над авторитаризмот“, рече Филипче.
Никола Груевски е осуден на повеќе од 12 години казна затвор за три случаи, Тенк, Плацови на водно и Насилство во центар. Но, казната за Тенк застаре минатата година и нема да треба да ја одлежи, а следната 2027 година се очекува да застари и казната затвор за Насилство во центар. Онаа за Плацови на водно застарува во 2043 година.
Неодамна во фокусот на јавноста беа уште два случаи за кои е обвинет Груевски и се чека судска одлука, Талир 1 и Талир 2, а се однесуваат на криминално финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Имено, новиот државен обвинител, Ненад Савески, ја отстрани од овие два случаи обвинителката Ленче Ристоска, со што се отвара простор и за нивно застарување. Претходно застареа и Тракеторија (за финансирање на автопатот Кичево-Охрид со кинески пари), ТНТ за уривање на „Космос“ и Титаник за изборни нерегуларности, кои застаре откако претходната власт на СДСМ и ДУИ го измени Кривичниот законик.
Груевски избега од државата на 12 ноември 2018 година, неколку дена пред да треба да се јави на издржување на казна затвор. Тогаш на обвинителството му требаа 6 дена да покрене истрага, а во соопштението за јавност беше наведено дека постојат сомневања оти службени лица му помогнале на Груевски во бегството. Неколку месеци подоцна, беше соопштено дека не утврдиле кривична одговорност на „службени лица, кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски“.
Наводно, заклучиле дека „имало определени пропусти“, но тие не биле во надлежност на Јавното обвинителство и не претставувале кривично дело.
Мицкоски не очекува да се врати Груевски, но ако се врател ќе одел затвор 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-14 13:03:33 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





