
Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во однос на динамиката со која се изведуваат градежните активности на автопатите, особено на автопатот Кичево-Охрид, изјави дека сите делници од коридорот 8 продолжуваат непречено со изградба, а моментално се работи на галериите.
Тој посочи дека државатта се соочила со потешкотии откако кинеската „Ексим“ банка прекинала со исплаќањето на средства, но како што кажа, „сепак успеале брзо да се реорганизираат“.
„Имавме мала потешкотија, морам да признаам, посебно во делот на обезбедување на средства за довршување на делницата Кичево-Охрид. Затоа што знаете дека заемот којшто го добиваме од кинеската „Ексим“ банка, повеќе не го добиваме, престана“, појасни Мицкоски.
Кинеската банка „Ексим“ прекина со финансирањето на автопатот Кичево–Охрид откако, според Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП), претходната влада испратила писмо со кое ја известила банката дека натамошните средства за проектот ќе ги обезбедува државата.
Од Амбасадата на Народна Република Кина пак, посочија дека со заемите за проектот биле обезбедени околу 529 милиони евра, од кои до февруари 2026 година се исплатени 478 милиони, а преостанатите 51 милион ќе се исплаќаат според договорот. Оттаму додаваат дека, иако македонската страна побарала дополнителни средства поради проширување на обемот на работите, со договорот од 2019 година се обврзала да не бара ново финансирање доколку проектот ја надмине првично договорената сума.
Изградбата на Охрид-Кичево, како што кажа премиерот, ќе продолжи да се гради со пари од домашните банки и се очекува да биде последното финансирање за автопатот кој се гради веќе 12 години.
„Формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително, би рекол, поволни услови. И практично тие домашни банки ќе го дозавршат финансирањето и тоа ќе биде последно. И со тоа веќе конечно таа делница ќе биде функционална“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека изградбата на делниците Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани напредува откако извештајот бил доставен до заемодавателите, како и на делницата Прилеп–Битола, која е дел од Коридорите 10 и 10-д.
Мицкоски даваше изјави при посета на општина Сруга, заедно со градоначалникот Менди Ќура.
Инаку, во февруари годинава беше најавено дека со нови 186 милиони евра и рок до јуни идната година ќе се довршува автопатот Кичево – Охрид. Во март директорот ја ЈПДП, Коце Трајановски потпиша нов, осми по ред, анекс на договорот меѓу ЈПДП и кинески Синохидро, а парите се наменети токму за стабилизација на свлечишта со изградба на 14 галерии. Овие средства, според денешната најава на примерот, се чини дека треба да се обезбедат во форма на кредити од домашните банки. Автопатот е во должина од 57 километри од кој досега се пуштени 40-ина километри.
Автопатот се гради повеќе од 12 години, а проектот го започна поранешниот премиер Никола Груевски, кој е сега осуден на казна затвор и ужива азил во Унгарија. Случајот со финансирањето на автопатот преку кредит од кинеската „Ексим“ банка беше еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство, наречен „Траекторија“. Меѓу обвинетите, покрај Груевски, беа и поранешниот вицепемиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на ЈПДП, Љупчо Георгиевски. Обвинението против нив за овој случај застаре по измените на Кривичниот законик кои ги донесе претходната власт, на чело со Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ). Стануваше збор за обвиненија дека во овој случај државниот буџет е оштетен за 155 милиони евра. Претходно, со години наназад, случајот беше одлоговлекуван низ судските лавиринти.
По 12 години и двојно повисока цена никако да се изгради автопатот Кичево-Охрид
Мицкоски: Заемот од кинеската Ексим банка за автопатот Кичево-Охрид повеќе не го добиваме, престана 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-09 13:51:25 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





