
Дури и јавноста да поверува дека г. Марин Рајков е во право кога тврди дека над 200 илјади граѓани на С. Македонија се со бугарска самосвест и дека Скопје треба да ги заштити и самиот е свесен колку таквото тврдење е проблематично. Зашто станува збор за „самосвесни Бугари“ од економска нужда и тоа по терк кој се спроведува не само во С. Македонија, туку и во Албанија, Косово и Србија, пишува Вистиномер.
Пишува: Теофил Блажевски
Бугарскиот заменик министер за надворешни работи Марин Рајков (некогашен министер и премиер) искажа неколку тврдења за проблемот на С. Македонија со ЕУ.
…Факт е дека нивниот министер за надворешни работи – Тимчо Муцунски, оди од канцеларија во канцеларија во Брисел и се жали на Европската Унија, на Бугарија, на разни работи. Ние не сакаме да влегуваме во таква шема, да влегуваме по него, бидејќи не сакаме ова прашање да се перципира како билатерално. Тврдењето дека постои билатерален проблем меѓу Бугарија и Македонија е крајно манипулативно. Проблемот е повеќе меѓу Скопје и ЕУ. И неисполнување на условите, рече Рајков.
Контекст
Рајков во интервју за БНТ (Бугарското национално телевизија), како што пренесоа опширно и дел од бугарските и дел од македонските медиуми, главниот проблем на РСМ го фокусирал врз недавањето гаранции за почитувањето на малцинските права за бугарската заедница, (додавајќи притоа дека станува збор за повеќе од 210.000 илјади граѓани на С.Македонија кои со документи докажале дека имаат бугарско потекло).
Недавањето гаранции се однесува на одбивањето да се внесат Бугарите во Уставот од страна на актуелната власт, како и во одбивањето да се прифателе забелешките на претставниците на бугарската заедница во С. Македонија во Акцискиот план за почитување на малцинските права – документ кој се обврза да го усвои македонската влада пред започнување на преговорите со ЕУ.
Всушност, станува збор за двата неопходни услова за старт на преговорите според Преговарачката рамка потпишана од ЕУ и од РСМ во јули 2022 година, според т.н. француски предлог, а тоа се промена на уставот и внесување на бугарското малцинство во преамбулата, како и Акциски план за механизми за почитување на малцинските права. Но, додека во изјавата на Рајков се обвинува македонската страна дека манипулира и дека проблемот е повеќе со ЕУ отколку билатерален (како небаре ЕУ да стави вето врз почетокот на преговорите на РСМ со ЕУ! ), факт е дека во изјавата постојат повеќе проблематични делови.
Блокада од Бугарија и покрај билатералниот договор
Прва работа што не ја спомена Рајков и ниту еден друг бугарски политичар, е дека Бугарија прва го прекрши Договорот за пријателство добрососедство, и соработка од 01.08.2017 година, со тоа што и формално го блокираше евроинтегративниот пат на С. Македонија во 2020 година.
Спротивно на член 2 од Договорот, наместо „двете Договорни страни да ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО“, бугарската страна најпрво во 2019 година усвои Декларација на Великото народно собрание насочена против интересите на РСМ во однос на евро-атлантскиот пат, а во 2020 година при крајот на годината и формално стави вето за РСМ на ниво на министри за надворешни работи на ЕУ.
Значи наспроти Членот 2, официјална Софија како што соопшти тогашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, ја одобри преговарачката рамка за Албанија, а стави вето за С. Македонија, наведувајќи дека официјално Скопје имало уште работа и на тема на јазикот, на патоказ за спроведување на Договорот од 2017 година, т.е. и за идентитетските прашања преку Историската комисија. Притоа се бараше и С. Македонија да се одречела од претензии кон македонското малцинство во Бугарија, иако тоа го има и во Уставот на Р. Македонија (член 49 изменет со амандманот II на Уставот во јануари 1992 г. ) и во Договорот со Бугарија (член 11, точка 5).
Една година потоа, во 2021 г, Софија го повтори ветото. Притоа Бугарија ги наведе истите услови што ги спомена Захариева, но со назнака дека ќе се придржувале до Декларацијата од бугарското собрание од 2019 година и дека ќе му дадат шанси на тогаш новиот премиер Кирил Петков да ги одблокирал преговорите (види тука).
Впрочем, за трнливиот пат на С. Македонија кон ЕУ од 2019 година и во годините потоа, најпрво поради „реформите на ЕУ“ на францускиот претседател Емануел Макрон, а потоа и поради блокадите и условувањата од Бугарија, опширно и детално може да се прочита во текстот на веќе згаснатата Радио Слободна Европа на македонски јазик, од февруари 2023 година: Македонско-бугарски односи: Од најдобри пријатели до непријатели.
Произлегува всушност, дека Бугарија ставаше вето сè до последниот момент во 2022 година (види тука), додека не се постигна компромис околу „францускиот предлог“, со кој во Преговарачката рамка влегоа не само обврската да се почитуваат билатералните договори со Грција и со Бугарија, туку и примената. При што се споменуваат децидно и протоколите на владите во Скопје и Софија околу спроведување на договорот, посебно вториот, што значи и т.н. идентитетски прашања, односно резултатите од мешовитата историска комисија кои мора да бидат постигнати пред затворање на преговарачката рамка (Протокол потпишан од Бујар Османи-Е. Захариева во Софија 2022).

Полувистини за Акцискиот план
Втората работа која ја споменува господинот Рајков, а во чие тврдење во најмала рака може да се идентификува манипулација, односно полувистини, е околу Акцискиот план за малцинствата што го изработува земјата, како услов за формално отпочнување на преговори.
Акцискиот план за припадниците на Заедниците или најпрецизно, „Акцискиот план за обезбедување подобра заштита на човековите права за помалку застапените етнички заедници“, на 17 март 2026 г., значи неодамна, во форма на Нацрт го објави Агенцијата за остварување на правата на заедниците или скратено Агенцијата за малцинства.
Рајков тврди дека претставниците на бугарското малцинство еднаш дале забелешки, а дека конечно ја отфрлиле последната верзија:
…Бугарската заедница веќе еднаш ги изнесе своите критики на состанок. Нивниот премиер Мицкоски јасно се обврза дека нивните аспирации ќе бидат земени предвид. Тоа не се случи. На последниот состанок, претставниците на бугарската заедница го отфрлија текстот на овој акционен план бидејќи не дава гаранции против кршење на нивните права – (извор: тука).
Она што не го споменува Рајков се две-три работи. Прво, целиот процес се одвива транспарентно и официјално започна уште во декември во 2025 г. (иако подготовките траеја цела година). Второ, дека е подготвуван и во соработка со претставници на бугарското малцинство и во соработка со ЕУ. И конечно, што е најважно и во соработка со Советот на Европа (СЕ), чии претставници на барање на МКД и на ЕУ, учествуваат во изработката на документот.

Ова е најважно, зашто токму СЕ е најважната организација во Европа која се занимава со состојбите човековите права, вклучувајќи ги и правата на малцинствата. На споменатата конференција во Скопје, претставничката од СЕ Анџела Лонго, раководителка на Одделот за соработка против дискриминацијата, истакнувајќи ја важноста на Акцискиот план, потсетила на препораките за С. Македонија во овој дел. Тие се, всушност, дел од редовен мониторинг и оценување на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за национални малцинства(ACFC). Препораките на кои упатува Лонго се во Петото мислење за Северна Македонија од 2021 година, каде што, инаку, генерално земјата е пофалена за почитувањето на правата на немнозинските заедници. Целиот документ на ACFC на СЕ може да се прочита на македонски јазик тука.
Заменикот министер Рајков не се осврнува на уште две важни работи: првата е, дека постоеше „препукување“ во јануари меѓу Скопје и Софија затоа што првата верзија што им ја испратиле од Скопје за да дадат забелешки и тоа по препораките на ЕУ, наводно од бугарското МНР ја вратиле, бидејќи не им бил познат македонскиот јазик. Подоцна, верзијата на англиски ја прифатиле и дале забелешки, иако ниту Рајков, ниту некој друг од двете страни ги соопшти забелешките од Софија. Освен пред Нова година, кога протестираше еден од претставниците на Бугарите во МКД, дека немале доволно време за реакција.
И најнакрај, засега нема потврда дека сите претставници на бугарското малцинство во Македонија дефинитивно го отфрлиле предлогот, освен вестите од јануари. Според македонска страна, дел од забелешките што ќе биле прифатени како реално остварливи во пракса, биле вградени во последната верзија во нацртот линкуван погоре, а дел отфрлени. Но, нема здружен став од претставниците на бугарската заедница во јавноста. Вистина е дека се тврди оти по 17 март, „организации на Бугарите во Македонија објавиле писмо со забелешки“ (не можеше да се пронајде со просто пребарување по интернет или на веб-страницата на Трибуна.мк која редовно ги објавува сите новини на овој план), но затоа јавно дстапна е реакцијата на Софија, која застанува зад нив на 01.04.2026 г. (види тука).
Наеднаш 210 илјади Македонци со бугарско потекло!?
Официјална Софија често ја менува и бројката на луѓе со бугарската самосвест во С. Македонија. Од периодот на Тодор Живков (1954-1989), кој дојде на чело на Бугарија по смртта на Георги Димитров – сите граѓани на Македонија беа Бугари чиј идентитет го избришале Коминтерната и Тито, а Македонците во Пиринска Македонија почнаа да исчезнуваат од попис до попис. Денешна Софија за разлика до тој период, а особено по 1991 година се залага за правата на бугарското малцинство во МКД, а според нив и за граѓаните со бугарска самосвест, „докажана со документи“, по што добиле бугарско државјанство. Најновите бројки што ги споменува заменикот министер Рајков стигнале до над 210 илјади такви граѓани на РСМ!
Да потсетиме, Рајков не ја кажува прв пат оваа бројка. Минатата година ја споменаа и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, како и министерот за внатрешни работи на Бугарија Даниел Митов.
Но, само пред три години, од официјална Софија имаше други бројки. Кога во 2022 г. Државниот завод за статистика на С. Македонија ги објави прелиминарните бројки од пописот на населението во 2021 година, при што се покажаа дека живеат 3.504, Бугари, како и околу 20 илјади носители на македонски и бугарски пасош (види стр.82), официјална Софија изрази загриженост и соопшти дека дотогаш, значи до 2022 г., нивните власти издале околу 100 илјади пасоши на Македонци со бугарска самосвест. Ова го тврдеше бугарското Министерство за внатрешни работи.
Но, наспроти бројките што се навистина високи и што ги кажуваше Ковачев уште во 2021 година – бугарското МВР во февруари 2026 година соопшти други бројки, кои доколку се собираат тешко стигнуваат и до над 100 илјади, а не пак до над 200 илјади.
Имено, според официјалните податоци што може да се најдат во дел од бугарските медиуми (види извор тука), од 2007-2025 година веќе 200 илјади македонски граѓани добиле бугарски пасош, значи државјанство.
Но бројките се во најмала рака сомнителни, зашто исто така според официјални податоци, во последната деценија (2015-2025) просечно меѓу 2 и 5 илјади македонски граѓани годишно се стекнувале со бугарски пасош. Ако се земе просекот од еве нека се и 5 илјади граѓани годишно, произлегува дека околу 50 илјади Македонци стекнале и бугарско државјанство од 2015 до 2025 г. На пример во 2025 година нешто под 2.000 изнесувал тој број, тврди истиот извор што се повикува на официјални податоци.

Според овие бројки произлегува дека другите околу 150 илјади Македонци со бугарска самосвест ги зеле пасошите во периодот од 2007 до 2015 година, односно во првиот бран откако Бугарија беше примена како членка на ЕУ.
„Економски самосвесни Бугари“
Но, дури и јавноста да поверува дека г. Марин Рајков е во право кога тврди дека над 210 илјади граѓани на С. Македонија се со бугарска самосвест и дека Скопје треба да ги заштити и самиот е свесен колку таквото тврдење е проблематично.Зашто, станува збор за „самосвесни Бугари“ од економска нужда и тоа по терк кој се спроведува не само во С. Македонија, туку и во Албанија, Косово и Србија.
Така што, земјаќи ги предвид овие аргументи, произлегува дека проблемот со евроинтеграцискиот пат на МКД, не ќе да е само помеѓу Скопје и Брисел, како што постојано тврди официјална Софија ( види тука), туку во значителна мерка е и проблем на билатералните односи помеѓу Софија и Скопје.
Наеднаш 210 илјади Македонци со бугарско потекло !? 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-10 08:39:36 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право






