
„Македонија само во патна инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет до шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5 до 6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8“, изјави денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски посочи дека двата аеродрома, Скопскиот и Охридскиот, кои се исто така на Коридорот 8, бележат прогрес. „Св. Апостол Павле“ во овој момент се реконструира – процес што се очекува да заврши во јули, а Скопскиот аеродром има најголем раст на бројот на патници во првиот квартал годинава во целиот регион.
Во делот на автопатите и експресните патишта на Коридорот 8, во моментов се реализираат или се во завршна фаза инвестиции во вредност од околу 2,1 милијарди евра, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.
Тој оцени дека станува збор за огромна инвестиција за држава со околу 1,8 милиони жители и бруто домашен производ од 21 до 22 милијарди долари.
Според Николоски, автопатот Охрид – Кичево, чија вредност е нешто под 800 милиони евра, конечно се довршува по бројни предизвици. Поврзувањето од овој автопат преку Струга до Ќафасан, како што рече, ќе се реализира во соработка со УНЕСКО и во рамки на правилата за заштита на УНЕСКО.
„Не е прашање дали, туку како и каде“, рече Николоски, додавајќи дека оваа делница би чинела околу 250 милиони евра.
Министерот посочи дека во финална постапка е изборот на изведувач, заедно со Европската банка за обнова и развој, за автопатското решение од Кичево до Букојчани, вредно околу 220 милиони евра. За делницата Букојчани – Гостивар, за која веќе има изведувач, работите се изведуваат со конзорциумот „Бехтел и Енка“. Таа делница, според Николоски, ќе чини околу 590 милиони евра, а досега е постигнат прогрес од околу 50 проценти.
На ова се надоврзуваат делницата Гостивар – Тетово, реконструкцијата на скопската обиколница во вредност од 150 милиони евра, како и експресниот пат Куманово – Страцин, кој ќе се реализира со поддршка од Европската Унија и ќе чини околу 300 милиони евра.
Делницата Страцин – Крива Паланка, вредна 100 милиони евра, како што потсети Николоски, беше пуштена во употреба минатиот јануари.
Тој додаде дека се планираат и реконструкција и проширување на граничните премини Ќафасан кон Албанија и Деве Баир кон Бугарија, како и изградба на патот од Извор до Гарски мост, со кој, преку Дебар и граничниот премин Блато, земјава треба дополнително да се поврзе со Албанија.
Паралелно со патната инфраструктура, како што нагласи Николоски, се работи и на железничкото поврзување долж Коридорот 8
Тој информираше дека е постигнат договор со Бугарија, а инвестициите во железницата, кои се во фаза на проектирање или тендерирање, ќе надминат три милијарди евра.
Првата секција од железничкото поврзување со Бугарија, вредна 90 милиони евра, беше пуштена во употреба минатиот јануари, додека во моментов се работи на втората секција, вредна околу 200 милиони евра. За третата фаза од железничкото поврзување со Бугарија, која се реализира со Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Европската Унија, во тек е тендерска постапка за избор на изведувач. Овој проект, според Николоски, ќе чини околу 500 милиони евра.
Дополнително, со Европската Унија се работи и на проект за целосна реконструкција и надградба на железничката линија од Скопје преку Јанушевци, Тетово, Гостивар до Кичево, вреден околу 285 милиони евра. Новата железничка линија Кичево – Охрид – Струга, до границата со Албанија, според најавите, би чинела околу две милијарди евра.
„Лесно е да се пресмета дека над три милијарди евра ќе се инвестираат во железницата во следните пет до шест години, само на Коридорот 8. Целата оваа слика, патиштата, железницата и двата аеродроми, покажува колку инвестираме и колку сакаме да инвестираме во инфраструктурата во следниот период“, изјави Николоски.
Николоски: Само за коридорот 8 ќе инвестираме повеќе од шест милијарди евра 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-12 10:45:45 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





