
На полицајците ќе им биде дозволено да носат брада, но таа мора да биде кратка, уредна и редовно одржувана. Барањето за измените на правилникот го поднел Независниот синдикат на полицијата, а не „командантите од ДУИ“, објави Вистиномер.
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
ПО БАРАЊЕ НА КОМАНДАНТИТЕ НА ДУИ ЛЕГЕНДИТЕ НЕОПЕАНИ ОД ВЕМЕРЕТО ДОНЕЛЕ НОВ ПРАВИЛНИК. ПОЛИЦАЕЦОТ МОЖЕ ДА НОСИ И БРАДА.
И ДА НЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ АКО ВЕ ЛЕГИТИМИРААТ БРАДОСАНИ ВАХАБИСТИ СО 3/4 ШИРОКИ НОГАВИЦИ НАД ГЛУЖДОВИ ОД УЧК ИЛИ ZZTOP ВО УНИФОРМА.
НЕЗНАМ ДАЛИ И ПОЛИЦАЈКИТЕ И СО БУРКА И ФЕРЕЏЕ КЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ.
НАПРЕД МОЦКО УШТЕ ТОА ОСТАНА ДА ГО РАСКУРЦАШ ЗА ПУСТИ КРЕДИТИ.
Точно е дека Министерството за внатрешни работи донело нов правилник за однесувањето и меѓусебните односи на работниците во министерството со кое се дозволува полицајците да носат брада, но не е точно дека тоа било направено на барање на „командантите на ДУИ“ и дека во иднина граѓаните ќе ги легитимираат „брадосани вахабисти“, како што тоа го тврди објавата што ја анализираме.
Имено, се цел проверка на фактите, Вистиномер се обрати во Министерството за внатрешни работи за да видиме што предвидува новиот правилник.
На 04.05.2026 година беше донесен Правилникот за однесување и меѓусебни односи на работниците во Министерството за внатрешни работи. По неговото донесување, од страна на Гранскиот независен синдикат на полицијата беше доставен предлог за измена на одредени одредби од Правилникот, кој се однесуваше на прашањето за носење брада од страна на полициските службеници. Во образложението на предлогот беа наведени практики од повеќе европски држави во однос на уредувањето на изгледот и однесувањето на полициските службеници.
По разгледување на доставениот предлог, истиот беше прифатен, при што на 01.06.2026 година беа извршени измени и дополнувања на одредени членови од Правилникот. Согласно извршените измени, на полициските службеници кои носат униформа им се дозволува да носат брада, но исклучиво доколку истата е кратка, уредна и редовно одржувана, односно не го нарушува професионалниот и службениот изглед на полицискиот службеник. Со оваа измена не се предвидува можност за носење долга или неуредна брада, туку се утврдува обврска за одржување на уреден и достоинствен изглед, соодветен на природата и угледот на полициската професија. Со наведените измени се постигна усогласување на Правилникот со современите практики и потребите на полициските службеници, притоа задржувѕајќи ги стандардите за професионалност, дисциплина и углед на полициската служба, ни одговорија од МВР.
Значи, на полицајците ќе им биде дозволено да носат брада, но таа мора да биде кратка, уредна и редовно одржувана. Барањето за измените на правилникот го поднел Независниот синдикат на полицијата, а не „командантите од ДУИ“.
Информацијата ја потврдија и од Независниот синдикат на полицијата на својата официјална Фејсбук-страница.
Еден можеби мал чекор за Министерството и синдикатот, но многу значаен во насока на подготвеноста за спроведување на реформи и слух за потребите на колегите од страна на раководството. Како резултат на континуираното барање на Независниот синдикат на полицијата, во целост е прифатен предлогот за укинување на забраната за користење на мобилни телефони на граничната полиција, сообраќајната полиција и управните служби, како и дозвола за носење на уредна брада и тетоважи од страна на униформираната полиција што е значаен чекор за либерализација и модернизација на условите. Ова претставува уште една потврда дека преку аргументиран дијалог, упорност и заедничка работа може да се дојде до решенија кои го подобруваат професионалниот статус и работните услови на полициските службеници.
Независниот синдикат на полицијата останува посветен на заштитата на правата и интересите на своите членови и ќе продолжи активно да предлага и поддржува мерки кои придонесуваат за помодерна, помотивирана и поефикасна полиција, стои во објавата на синдикатот во прилог на која е објавен и документ со измените на правилникот.
Не е точно дека брадосани вахабисти ќе ги легитимираат граѓаните 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-26 11:41:59 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


