
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска го објави истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“, каде се анализираат три тендерски постапки кои отвораат сериозни прашања за транспарентноста и заштитата на јавните средства.
Истражувањето се темели на анализа на таканаречените „црвени знаменца“ во јавните набавки, увид во јавно достапни документи и информации добиени од граѓани.
Лични документи изработувани по тендер стар 21 година
Еден од анализираните случаи се однесува на набавката на пасоши, лични карти и возачки дозволи. Според ЦГК, во последните пет години граѓаните платиле 73 милиони евра за издавање лични документи, додека трошокот на МВР за нивна изработка изнесувал 29 милиони евра. Најголеми трошоци имало во 2024 година кога граѓаните платиле 27 милиони евра, а МВР 9 милиони евра.
Според истражувањето на ЦГК, најголема разлика се јавува кај парите што граѓаните ги платиле за пасоши и трошоците што МВР ги имало. За пасоши, граѓаните платиле дури 60 милиони евра во последните 5 години (2021-2025), односно 82 отсто од вкупните трошоци за лични документи.
Истражувањето, исто така, потенцира дека јавноста со години нема увид во договорите за набавка на обрасци за пасоши, лични карти и возачки дозволи. Тендерот во 2005 година го добила германската компанија Giesecke+Devrient, со договор вреден 23,5 милиони евра и рок на важност од 11 години, кој истекол во 2016 година. Оттогаш, МВР не ги објавило условите под кои соработката била продолжувана. Дополнително, како што наведува ЦКГ, договорите и нивните анекси се класифицирани како доверливи, а не се објавуваат ниту податоци за бројот на издадени документи.
„Министерството смета дека изнесувањето на податоците од склучените договори ќе имало последици врз нивното работењето, без да наведе за какви последици станува збор. Како „доверливи“ се заштитени од објавување дури и бројот на лични документи (пасоши, лични карти и возачки дозволи) кои се изготвени во изминатите години. МВР ги открива само вкупните финансиски податоци. Со ваквата тајност на целиот договор и неговите анекси, се ограничува увидот на јавноста во финансиските и во договорните аспекти на оваа набавка“, е наведено во истражувањето на ЦГК.
Спорни плаќања за евакуациските летови
Вториот случај се однесува на тендерот на Министерството за надворешни работи за закуп на авиони за евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток во март годинава. Според наодите на ЦГК, летовите од Дубаи и Ријад биле платени однапред во целост, иако Законот за јавни набавки дозволува аванс до 20 проценти од вредноста на договорот.
ЦГК наведува и дека авансните плаќања не биле обезбедени со банкарска гаранција, ниту биле предвидени во тендерската документација. Дополнително, по поништување на првата постапка во која биле контактирани девет компании, во вториот тендер понуда била побарана само од една фирма, што, според ЦГК, ја ограничило конкуренцијата.
„Првиот тендер во кој понуди биле побарани од 9 фирми е поништен. Во втората постапка, барањето за доставување понуда било испратено само до една фирма — Авиалог Скопје, за која МНР тврди дека дознала дека е претставник на FlyDubai. Како доказ за поврзаноста меѓу Авиалог и FlyDubai, МНР достави картичка за ангажман во FlyDubai која му припаѓа на физичко лице — основачот на Авиалог, но која не докажува деловна или правна поврзаност меѓу двете компании. Фирмата доставува понуда следниот ден, на 6 март во 14 часот, по што во истиот ден следувале преговори, склучување на договор, издавање на фактура со датуми за првите 2 лета и плаќање на фактурата од страна на МНР“, се вели во истражувањето на ЦГК.
Од ЦКГ дополнуваат и дека трошоците за евакуација биле целосно на товар на државата, додека во најголем дел од земјите на Европската Унија евакуираните патници партиципирале во трошоците.
Со 4 лета, од кои три од Дубаи до Скопје и еден од Ријад до Приштина, биле пренесени 590 патници, од нив 521 биле македонски државјани, додека 27 биле странски државјани за кои МНР соработувало со амбасадите на соседните држави (Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Србија и Босна и Херцеговина).
Како што наведуваат од ЦГК во истражувањето, цената за евакуација по патник од Дубаи изнесувала 1.548 евра, а од Ријад по 1.960 евра, со вклучено ноќевање.
Реакција на МНР
Од МНР пак, тврдат дека наводите на Центарот за граѓански комуникации за нерегуларности се неосновани, додавајќи дека во анализата не биле земени предвид воените услови и безбедносните ризици. Од МНР велат дека постапката била спроведена согласно владините одлуки и законските процедури, откако претходно не биле добиени понуди од деветте поканети компании, а како единствена достапна опција се појавила „Флај Дубаи“. За авансното плаќање, од МНР посочуваат дека било условено од кризата и ги отфрла сомнежите за корупција.
Оттаму додаваат дека се подготвени за целосна проверка на постапката, а институцијата постапувала во согласност со законите и во интерес на безбедноста на граѓаните.
На реакцијата од МНР, ЦКГ посочуваат дека во истражувањето јасно било наведено постоењето на вонредни околконсти и дека не се оспорува потребата од евакуација на граѓаните, туку прашањата кои истражувањето ги отвора, се однесуваат на почитувањето на правилата, дури и во состојба на итност.
Оттаму додаваат дека авансното плаќање не е предвидено во тендерската документација, ниту е во согласност со Законот за јавни набавки.
Базенот во Чаир бил пријавен како завршен пред да биде готов
Третиот анализиран случај се однесува на изградбата на затворениот базен во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир, вреден околу 890 илјади евра. ЦГК наведува дека општината во ноември 2025 година пријавила целосна реализација на договорот, иако објектот бил официјално пуштен во употреба дури шест месеци подоцна.
Според истражувањето на ЦГК, во денот кога базенот бил означен како 100 проценти завршен, надзорот сè уште евидентирал незавршени работи и потреба од приклучување на електрична и водоводна мрежа за финално тестирање. ЦГК посочува и дека рокот за изградба бил продолжуван двапати, наместо да бидат активирани договорните казни предвидени за доцнење.
„Брзањето договорот да се прикаже како завршен доаѓа во период кога фирмата носител на договорот, Еуровиа од Желино, во меѓувреме преименувана во ЕАКОМ од Тетово, заедно со друга фирма, аплицирала на нов оглас за изградба на уште еден затворен базен во Општина Чаир, овој пат во училиштето 7-ми Марси“, покажало истражувањето.
ЦГК: МВР со огромна заработка од пасошите, МНР плаќало незаконски износи за аванси за евакуациски летови од Блискиот Исток 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-11 14:16:01 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


