
Иако Министерството за правда тврди дека граѓанскиот сектор бил и ќе биде активно вклучен во подготовките на измените на Изборниот законик, фактите укажуваат дека тоа е само делумно точно, бидејќи претставниците на граѓанските организации сè уште не се активно вклучени во работната група што ги подготвува измените. Во контекст на напуштањето на работната група на претставниците на СДСМ, потребата од активно и постојано учество на претставници на граѓанскиот сектор во целиот процес на измени добива уште повеќе на тежина. Зашто тие ќе бидат и еден вид контролор на процесот и ќе може активно и постојано да партиципираат со своите предлози, пренесува Вистиномер.
Пишува Теофил Блажевски
Не е спорно дека граѓанските организации (ГО) не се активно вклучени во промената на изборното законодавство, пред сè на Изборниот законик (ИЗ), процес што веќе извесно време го води Министерството за правда (МП). Иако од споменатото министерство го демантираат тоа, и иако министерот Игор Филков уште пред десетина дена тврдеше обратно, засега барем, не се гледа воља да бидат активно вклучени во работната група составена од парламентарни партии и независни пратеници што ги подготвуваат измените. Ова е во спротивност не само со препораките на ОБСЕ/ОДИХР за вклученоста на ГО во ваков процес, туку и во спротивност со ставот на владиниот Совет за соработка со ГО, кој исто така упати препораки до МП за вклучување на граѓанскиот сектор при подготовка на измените на Изборниот законик.
Кој е ставот на Министерството за правда?
Од Министерството за правда сметаат дека граѓанските организации се вклучени. Во одговорот дадена за оваа тема што ја подготви Порталб.мк, меѓу другото се наведува:
…На средбата со министерот за правда на претставниците на независните граѓански иницијативи им беше посочено да достават свои предлози и коментари кои ќе бидат разгледани од страна на работната група. На таа седница ќе може да присуствуваат и граѓанските организации и да ги образложат предлозите. Ова беше прифатено од нивна страна, што значи дека во процесот ќе бидат вклучени и тие и надлежните институции…Оттука, неосновани се тврдењата дека граѓанските организации не се вклучени во реформите во изборното законодавство. Вклучени се, треба да дадат предлози и да ги образложат во рамки на работната група. И ова беше прифатено и од нивна страна – се наведува во одговорот до Порталб.мк.
Овој одговор од МП се заснова на единствената средба што досега ја имале со дел од граѓанскиот сектор, а тоа се независните иницијативи кои, покрај другите свои активности, активно се вклучени и во процесот на изборите со свои кандидати. Но, треба да се напомене дека таа средба одржана на 16-ти април годинава беше остварена не по иницијатива на МП, туку по барање на претставниците на независните иницијативи, што се признава и во соопштението од МП по средбата.
Освен ова од одговорот даден за Порталб.мк, а цитиран погоре, може да се разбере дека ставот на Министерството за правда е дека во работната група за подготовки на измените на законодавството нема да има постојана вклученост на ГО, туку, „да достават свои предлози и коментари кои ќе бидат разгледани од страна на работната група“ и дека „на таа седница ќе може да присуствуваат… и да ги образложат предлозите“.
Ваквиот став е поинаков од препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои исто така може да се прочитаат во текстот на Порталб.мк, но дури и на препораките на Владата, бидејќи Советот за соработка на Владата со граѓанското општество уште на 26.03.2026 г. „оцени дека е потребно активно вклучување на граѓанските организации при измена на изборното законодавство“. И дека од тие причини Советот…„препорачува кога ќе се отвори процесот за измени и дополнување на Изборниот законик, во работната група координирана од Министерството за правда, да има и членови од граѓански организации, кои ќе бидат номинирани од страна на Советот, по претходно објавен јавен повик“.
Ваквата препорака е упатена до МП, а според последните сознанија на „Вистиномер“ од 29.03.2026, од МП сè уште не бил пристигнат одговор до Советот.
Без учество на СДСМ, учеството на ГО во измените добива на тежина
На 29.03.2026, претставниците од СДСМ во работната група за измена на изборниот законик не се појавија на четвртиот состанок на ова тело што го води процесот на подготовки на измените во рамки на МП. Со тоа, СДСМ на своевиден начин го изрази и го реализираше протестот поради тоа што мнозинството на власта изгласа во Собранието измени на Законот за Влада, со кои од по наредните избори веќе нема да постои таканаречената „Пржинска влада“ воведена за изборите во 2016 година, како еден вид преодно решение за излез од тогашната политичка криза.
Иако овој потег на СДСМ претседателот на партијата Венко Филипче го најави уште на 28.04.2026 г. и иако првичните реакции од претставниците на другите партии беа дека работното тело треба да продолжи со измените на ИЗ, засега не е најјасно дали оваа одлука на СДСМ е од потраен и подолгорочен карактер. Но како и да е, факт е дека работната група во МП засега функционира и можеби ќе продолжи да функционира без претставниците на СДСМ.
Во таков контекст, учеството на претставници на ГО во работната група на сите нејзини состаноци и увид во сите замислени и предложени измени на Изборниот законик во рамки на работната група, уште повеќе добива на тежина. Бидејќи на тој начин граѓанскиот сектор ќе биде и еден вид контролор на целиот процес и ќе може активно и постојано да партиципира со своите предлози.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
(Не)учеството на граѓанските организации во измена на Изборниот законик добива сè повеќе на тежина 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-01 09:31:43 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


