
Салмонелоза, алиментарна интоксикација, инфекции со ешерихија коли, шигелоза (дизентерија), се најчестите заболувања кои се пренесуваат преку храна и вода вотоплите периоди од годината, кога високите температури го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции. Заболувањата кои се пренесуваат преку храна и вода всушност настануваат после внесување во организмот на човекот, храна или вода која е контаминирана со инфективни или токсични агенси. Во речиси 90 отсто од случаите, овие заболувања ги предизвикуваат бактерии, но можат да бидат предизвикани и од други инфективни агенси (вируси, паразити).
„Кога температурите се повисоки ентеровирусите се поактуелни – шигела која предизвикува болест дизентерија, типови на ешерихија коли, како и протозои. При патување се јавува и дијареа патници, посебно поради водата. На пример, локалците во Охрид си ја пијат таа вода од нивниот водовод и таа ешерихија кои не предизвикува кај нив ништо. Но, ако некој дојде од надвор и ја пие за прв пат, може да се случи проблем, најчесто дијареа. Би требало сегде кај што се оди прв пат, да се користи флаширана вода“, вели проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и професор на Медицинскиот факултет.
Тој нагласува дека исто така треба да се внимава со пиењето вода од чешма во помали населени места.
„Води од бунари може да се загадени, односно да се измешани со отпадни води. Затоа треба да се избегнува пиење. После поројни дождови исто така треба да се внимава, таа вода понира внатре и тогаш може да се измеша со водата за пиење. Повеќе тос се случува во пролет и на есен, тоа се хидрични епидемии“, додава Пановски.
Што се однесува до храната, тој вели дека таа треба термички да се третира, но и да не се остава да стои на топло.
„Веќе зготвена храна треба да не се стоплува повеќе пати. На пример, спанаќ не треба да се одгрева неколку пати бидејќи испушта токсини“, додава Пановски.
Најосетливи на труење со храна се децата, повозрасните лица, трудниците и лицата со ослабен имунитет. Најчести симптоми кои може да се јават после консумирање храна и вода со сомнителна здравствена исправност се повраќање, проливи, покачена телесна температура, главоболка и вртоглавица, нарушена ресорпција на хранливи материи, болки и грчеви во стомакот, како и придружни инфекции на други органи.
И во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) предупредуваат дека чувањето на веќе подготвената храна на собна температура, посебно во топлите летни месеци, овозможува брзо размножување на инфективните агенси и лачење на нивни токсини и е најчеста причина за настанување на заболувањата кои се пренесуваат преку храна.
„Во летните месеци и во ситуации кога има нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем пратен со повремен недостаток на чиста вода, се зголемува ризикот од појава и ширење на болести кои се пренесуваат преку загадена храна и вода. Високите температури ја забрзуваат контаминацијата и размножувањето на микроорганизмите, а недостигот на чиста вода ја отежнува личната хигиена, подготовката и чувањето на храната“, се наведува во препораките за превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода и храна.
Во однос на препораките, треба да се мијат раце пред земање храна и во тек на подготвување на храна.
„Мијте ги рацете после одење во тоалет. Одржувајте ги чисти работните површини каде што приготвувате храна. Заштитете го просторот во кујната и храната од инсекти, животни и други штетници. Не консумирајте сирова, термички непреработена храна од животинско потекло (месо и производи од месо, млеко и млечни производи, јајца). Термичката обработка на храната да биде доволно долга и на доволно висока температура за да ги уништи бактериите и нивните токсини. При подгревање на храната, темелно да се загрее. Да се избегнува подготвување и консумација на храна од свежи, термички непреработени животински намирници (кремови, сладоледи, крем сирења). Обработката на сирова, термички непреработена и термички обработена храна да се врши на различни работни површини, со различен прибор и во различни садови. Свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијат под силен млаз вода – пред јадење, сецкање или готвење, па дури и кога се излупени“, се наведува во препораките од ИЈЗ.
Не загревајте храна по неколку пати и пијте флаширана вода ако прв пат одите на некое место 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-08 10:56:15 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право




