„Научници од целиот свет ќе дискутираат дали ќе треба да се преземе нешто со желките во Голем Град или треба да се остави природата да функционира според своите закони“, вели професорот Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво, чиј научен труд откри дека на островот на секоја возрасна женка има по 19 мажјаци, што резултира со изразена сексуална агресивност и бегство во смрт кај женките.
Неговиот научен труд, кој се базира на повеќе од 15 години истражување на желките кои живеат на островот во Преспанското езеро, го привлече вниманието на светската јавност по написот во Њујорк Тајмс, инспириран од истражувањето кое беше објавено минатиот месец во реномираното списание „Ecology Letters“.
На Голем Град живеат околу 1000 шумски желки, што е исклучително густа и навидум просперитетна популација. Меѓутоа, зад оваа бројност се крие проблем, нарушена полова структура со сериозно поголем број мажјаци, што претставува екстремна диспропорција со далекусежни последици. Истражувањето на Арсовски и неговиот тим докажува дека ваквиот дисбаланс резултира со изразена сексуална агресивност кај мажјаците, кои неретко се обидуваат да се „парат“ и меѓусебно. Женките се изложени на постојан прогон, стрес и физички повреди, а во обид да избегаат од агресијата, дел од нив завршуваат преку стрмните островски карпи, во провалија и сигурна смрт.

Истражувањата на желките во Голем Град се започнати од 2008 година, а во последните осум години покажале дека преживувањето на овие, инаку долговечни животни кои во природа живеат околу 70, а во добри услови или во заробеништво и над 100 години, не е со очекуваната динамика. Годишниот просек на преживување кај женките се утвдило дека е 84 отсто, за разлика од мажјаците, кај кои е 98 отсто. Негативни фактори се големата густина на единки и половата нерамномерност, но и агресивните игри за парење кои се карактеристични за овој вид што вршат голем притисок врз женките. Доколку ваквиот тренд продолжи, последната женка-желка на Голем Град би можела да исчезне до 2083 година.
„Секако дека првиот човечки инстинкт кај секој, па и кај мене, вели дека мораме нешто да преземеме и да помогнеме во оваа ситуација. Но, јас, ниту пак, неколкумина, не можеме сами да донесеме таква одлука. Заради тоа во иднина е договорено Националниот парк ‘Галичица’ да организира средба со експерти од целиот свет, кои работат на оваа проблематика и имаат искуство. Со нив ќе разговараме што треба и дали треба да се преземе, ќе се направи посета на терен и ќе се извлечат заклучоци“, вели Арсовски.
Посочува дека во природата владеат сурови услови за преживување, кои засегнуваат и многу други видови, кои можеби се соочуваат со истата ситуација, но не можеме да знаеме бидејќи не се долговечни како желките, ниту пак се наоѓаат на изолирано место каде може да се истражуваат во подолг период. За Арсовски и за научната јавност е енигма и како овие желки воопшто се нашле на островот, имајќи предвид дека не се способни да го препливаат езерото.

Една од теориите е дека желките се донесени од страна на луѓето и тоа во нееднаков полов сооднос. Најстарите мажјаци на Голем Град имаат врежани бројки на долниот дел од оклопот, што можеби го докажува човековото влијание заради што, според Арсовски, во овој случај треба да се постапи внимателно. Тој вели дека е сигурно дека истражувањата на Голем Град ќе продолжат и во иднина, не само на желките, туку и на змиите и другите жители на оваа природна лабораторија, која низ годините стана важен центар за многу истражувачи.
Желки бегаат во смрт од агресивни мажјаци на островот Голем Град во Преспа, македонски и светски научници ќе бараат спас 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-19 13:14:49 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
