Жители на виничкото село Блатец повеќе од една деценија се борат за да ја зачуваат својата река Блатешница од изградба на мала хидроцентрала. Тие велат дека животот во селото, во кое живеат над 1.200 жители зависи од водата во реката која ја користат за пиење и за наводнување на нивите. Градинарството и призводството на јагоди, пченка и компир се главните дејности кои ги одржуваат овие домаќинства и кои се директно зависни од пристапот на вода.
Жителите стравуваат дека со изградбата на мала хидроцентрала и заробувањето на водата во цевка и кај нив ќе се повторат сликите на опустошени речни корита, уништен биодиверзитет и напуштени земјоделски површини како и кај други веќе изградени енергетски објекти. Тие веќе подолг период наназад организираат стража на патот кон планината Плачковица каде треба да се гради хидроцентралата, а неодамна го блокираа и патот Виница-Берово.
„Бараме од Владата повеќе да не ја продолжува концесијата на инвеститорот. Мала хидроцентрала не треба да има и добро би било властите да ја увидат грешката и да ги послушаат барањата на луѓето, бидејќи ние зависиме од нејзината вода“, вели Блаже Анакиевски, жител на Блатец и дел од иницијативата за заштита на реката „За чист Блатец“.
Тој посочува дека грешката е направена од локалните и од државните власти при првичната проценка дека на таа река воопшто може да има мала хидроцентрала, бидејќи не било земено во предвид дека на тој потег поминува водоводната цевка за селото, а дека над местото каде што е предвидена машинската зграда има зафати на вода кои служат за наводнување во летниот период.
Анакиевски посочува дека иако цевководот е долг два километри, тој ќе зафати три до четири километри река, ќе сруши дел од патот и ќе зафати дел од крајбрежјето каде има значаен биодиверзитет. Од друга страна, пак, енергетскиот објект што е предвиден, посочува тој, нема голема моќност и нема да направи никаква разлика во производството на електрична енергија.
„Проблемот е што низ годините никој не дошол кај нас да направи анкета или пак да спроведе јавна трибина на која ќе се разговара за потребата да се прави мала хидроцентрала на нашата река. Дознавме сосема случајно, ја најдовме документацијата на инвеститорот и заклучивме дека има многу пропусти“, вели Анакиевски.
Тој вели дека иако инвеститорот нема ништо изградено на посочената локација, сепак не се откажува од дозволата, заради што месната заедница организира стражи за да не дозволи поминување на механизација. Неодамна рампата на патот им била извадена, заради што населението се собра на протести, како предупредување дека жителите не се откажуваат од намерите да ја стопираат градбата.
Концесионерот, Енерџи Лукс од Кочани, со Владата има склучено Договор за концесија за вода за изградба на мала хидроелектрична централа „Блатечка река“, во март 2012 година. Досега изградбата не е почната, а од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини велат дека се работи за застој кој не е по вина на концесионерот.
Тој минатата година побарал и добил од Владата ново продолжување на рокот за дополнителни 236 дена бидејќи било утврдено е дека концесионерот бил објективно спречен да изведува градежни активности. Анексот на Договорот за концесија, го продолжил рокот за почеток со комерцијална работа до 7 март годинава, што значи дека на концесионерот му остануваат уште неколку дена за да отпочне со работа.
„Согласно Договорот за концесија за вода, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има надлежност да го следи спроведувањето на проектот, односно изградбата на објектот, и врз основа на доставена релевантна документација да склучува анекси за продолжување на рокот за почеток со комерцијална работа во случаи на констатиран застој што не е по вина на концесионерот“, посочуваат од Министерството.
Сепак, од таму не посочуваат која е всушност причината за застојот, како и дали воопшто може да се отстрани, ниту пак чија е вината што постои таков застој. Од Министерството не одговорија ниту дали продолжувањето на доволата може да оди до бесконечност, се додека постои причина за застој.

Градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски ги поддржа граѓаните во новните заложби да ја сочуваат реката слободна. Тој неодамна информираше дека одобрението за градење на хидроцентралата, кое било донесено од општинската власт во 2015 година престанало да важи во август минатата година, како и дека за тоа го известиле инвеститорот кој доколку сега преземе градежни дејствија, тие ќе бидат дивоградба.
„За истото го известив и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да има во предвид за понатамошно продолжување на договорот за концесија кој истекува наскоро“, вели Костадиновски.
Тој додава дека инвеститорот во моментов нема поднесено ново барање до општината.
„Инвеститорот може да бара обнова на градежната дозвола, но со овој елаборат нема да ја добие. Треба да направи нов елаборат во кој ќе биде внесена сегашната фактичка состојба, бидејќи претходниот не ја отсликува состојбата на терен врз основа на која добил концесија. Ако ја изменат трасата, но и ако разговараат со населението и од нив добијат согласност, општината нема да има проблем да им даде градежна дозвола“, посочува градоначалникот.
Костадиноски вели дека во документот не се земени во предвид водоводните цевки за пиење и за наводнување кои се точно на трасата на цевководот на малата хидроцентрала, иако постојат уште пред да биде правен проектот.
Од Министерството за животна средина, пак, не одговорија зошто за малата хидроцентрала се барал елаборат, а не Студија за оценка на влијанијата врз животната средина, ниту пак информираа дали некогаш била спроведена јавна расправа со населението и да се слушне нивното мислење и забелешки пред да се усвои документот.
Жителите на виничко Блатец со стража ја чуваат реката од инвеститор на мала хидроцентрала, велат без неа нема живот, ниту храна 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-05 07:40:10 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
