Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media

Ученик во ООУ „Киро Глигоров“ во Капиштец донел нож во својот ранец за време на наставата. За настанот реагираа родители на ученици од истото одделение, а информацијата е потврдена и преку вонредниот инспекциски надзор спроведен од Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Според наодите од надзорот до кој дојде Мета, инспекторите непосредно по инцидентот кој се случил на 9 овој месец, биле во училиштето, а на состанокот присуствувале директорката Билјана Билбиловска, одделенската наставничка, специјалниот едукатор и рехабилитатор, како и училишниот психолог.
„Присутните истакнаа дека настанот се случил на почетокот од првиот час. При подготовка за час ученикот забележал остар предмет во неговиот ранец и го пријавил на одделенскиот раководител. Бидејќи бил видно вознемирен од неговото пронаоѓање, одделенскиот наставник го одзел истиот и го изнел ученикот надвор од училница за да го смири. По разговорот, откако се смирил, ученикот се вратил во училница, по што одделенскиот наставник ги информирал стручната служба и директорот. Родителите на ученикот се повикани во училиште. Психологот како одговорно лице за пријавување насилство, пополнил формулар за евиденција на насилство поради сомнеж за насилство носење остар предмет во ранец, а присутните истакнаа дека остриот предмет не бил злоупотребен од страна на ученикот, а внесување ваков премет во училиштето е спротивно на куќниот ред и кодексите“, пишува во извештајот на инспекторите. Како што се наведува, училишното раководство разговарало со родителите.
„Мајката изјавила дека по грешка, во брзање го ставила ножот во ранецот на нејзиното дете и дека ја превзема целосната одговорност, за што дала и писмена изјава своерачно потпишана следниот
ден, на 10 февруари. Стручната служба ги советувала родителите да разговараат со нивното дете и да му укажат на одговорноста од ваквите недозволени постапки. Со родителите е договорено следниот ден повторно да дојдат на разговор во просториите на училиштето
заради утврдување на понатамошни мерки и активности“, пишува во извештајот од ДПИ.
Истиот ден, на родителите им било врачено и писмо од стручната училчишна служба во кое се информираат дека има потреба од проценка за ученикот од релевантна институција кое ќе им помогне во давање поддршка и понатамошната
работа со ученикот.
„Родителите биле информирани дека во наредниот период ќе бидат повикувани на советување еднаш неделно и дека стручната служба ќе продолжи да работи со ученикот“, се додава во извештајот.
Родители на ученици во истото одделение тврдат дека ова не бил прв инцидент поврзан со истото дете и дека, како што наведуваат, се соочувале со сериозни проблеми во однесувањето кои вклучуваат и претходни испади врз соученици, вербални закани, вознемирување и опструкции.
Мета се обрати и во училиштето „Киро Глигоров“. Оттаму добивме писмен одговор во кој се наведува дека училиштето постапило согласно законските прописи. Според нив, важно во ситуацијата е што во конкретниот случај не било утврдено заканувачко однесување кон други ученици ниту намера за повредување со ножот.
„Ученикот
беше изваден од паралелката, настанот беше пријавен кај директорот, стручната служба, родителите и надлежните институции. Направен е увид од страна на ДПИ и советници од Бирото за развој на образование, при што е констатирано дека училиштето постапило согласно законските акти и интерните правилници. Изготвен е писмен план за поддршка кој вклучува индивидуална работа со психолог и специјален едукатор, засилена опсервација, работа со паралелката на социјални вештини и редовна комуникација со родителите. Преземени се и дополнителни превентивни мерки за безбедност, согласно утврдените процедури. Училиштето останува доследно во обезбедување безбедна, поддржувачка и инклузивна средина за сите ученици“, пишува во писмениот одговор од училиштето.
Директорката на училиштето, Билбиловска, доставила и известување за дете во ризик до МВР, односно во полициска станица Беко, а за истото ја информирала и јавната установа Меѓуопштинскиот центар за социјална работа (МЦСР), односно Службата за деца во ризик и судир со закон. За коментар во врска со овој случај беше прашана и министерката Весна Јаневска во гостување во поткастот „Претрес“, каде што таа потврди дека е запознаена со инцидентот.
„Таму веќе постапил Инспекторатот и тие ќе нè информираат, ќе состават записник ќе кажат што понатаму. Стручните служби може да работат со детето, но функционална проценка на детето е неопходна“,
рече Јаневска додавајќи дека ако е сето ова точно, тогаш ќе треба дел од часовите детето да ги помине во друга установа. „Треба да има и образовен асистент, очигледно нема. Овој случај ќе продолжиме да го решаваме“, рече Јаневска.
Мета се обрати и во општина Центар во врска со овој случај и праша што општинарите преземаат во врска со случаите на насилство во училиштата.
„Во
нашите училиштата се води евиденција за сите настани што се однесуваат на однесувањето на учениците, вклучително и евентуални случаи на врсничко насилство (булинг). Секој пријавен или забележан настан се разгледува согласно интерните протоколи и законски прописи, а училиштето постапува во соработка со стручната служба, родителите и надлежните институции. Наш приоритет како општина е создавање безбедни и квалитетни услови во наставата за сите ученици како и превенција преку едукативни и воспитни активности“, велат оттаму и додаваат дека општината и различни организаици организирале континуирана едукација и усовршување на наставниците и стручните служби преку обуки и семинари.
Во општината напоменуваат дека после обуките кои се одржале на оваа тема изминативе години, наставниците и стручната служба имаат задолжение да направат дисеминација на останатиот наставен кадар.
„Во септември 2025 реализирана е и обука за меѓуврсничко насилство, конфликти и медијација преку Центарот за толеранција и доживотно учење, на кои присуствуваа директори и стручни соработници од сите основни училишта на територија на Центар“, додаваат оттаму.
Ученик во ООУ „Киро Глигоров“ донел нож на час, мајката со писмена изјава ја презела одговорноста 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-27 13:09:42 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media