
Воспоставувањето национален модел за справување со странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) ќе и овозможи на Северна Македонија да премине кон интегриран, функционален и одржлив систем за институционален одговор кон ваквите закани, беше кажано на конференцијата „Хибридни и информациски закани: од препознавање кон национален системски одговор“, што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Странското мешање и манипулирање со информации претставуваат сериозен ризик за демократијата бидејќи имаат за цел да се поткопа довербата во институциите, да се наруши демократскиот процес и да се продлабочи поларизацијата во општеството. Северна Македонија, како членка на НАТО, се наоѓа во геостратешки регион кој често е изложен на дезинформациски кампањи и затоа државата треба да постави национален механизам за координација и отпорност на СММИ.
Во поздравното обраќање, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека „дезинформациските кампањи не се само медиумски туку безбедносен проблем со стратешки последици“.
„Тоа е новото бојно поле. Затоа оваа конференција не ја гледам само како научна расправа туку аларм за вистинско будење. Хибридните закани не го напаѓаат само системот туку и довербата во системот и наша задача е да изградиме систем кој нема да падне на првиот силен удар на дезинформациска кампања. Наша задача е да изградиме држава која ќе ги препознае и одговори на заканите брзо и професионално. Градиме системски одговор, а не со импровизации“, посочи премиерот Мицкоски.
За да се оствари оваа цел, премиерот најави дека ќе се организираат обуки за професионализација на кадарот и ќе се издвојат потребните ресурси за да се изгради одржлив систем на отпорност.
Амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон подвлече дека странското мешање и манипулирање со информациите е безбедносна закана за сите сојузници и партнери во НАТО.
„Странското мешање не е дел од здравата демократија туку е закана и ја поткопува демократијата. Дезинформациите нè бомбардираат и граѓаните и новинарите не можат да проценат што е легитимна дебата од пропаганда. Затоа го склучуваме ова партнерство, како придонес кон глобалната борба против дезинформациите“, рече британскиот амбасадор Лосон.
Директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска кажа дека овој проект е логично продолжение на претходните активности на кои работеше Институтот за комуникациски студии во областа на дезинформациите.
„Странското мешање и манипулирањето со информациите е подмолна и сериозна закана која ја поткопува демократијата и ги нагласува поделбите по сите основи, го ограничува чувството на безбедност и се фокусира на ранливите категории на граѓани. Како одговор на овие закани, потребен е интегриран систем кој ќе биде обединувачки и ќе ги вклучува и академската заедница, цивилното општество итн.“ подвлече Трајкоска во своето воведно обраќање.
На конференцијата беше претставен документот за јавна политика што го изработи ИКС „Институционален одговор на странското мешање и манипулирање со информации во Северна Македонија: модели и опции за политика“. Во документот што беше изработен во соработка со координативната група од претставници од десетина клучни институции, се наведува дека националниот пристап кон справување со хибридните и информациските влијанија е фрагментиран и реактивен, па затоа е потребно решение за координиран и одржлив систем. Анализата посочува дека нема унифицирано институционално разбирање за СММИ бидејќи не се дефинирани во домашната регулатива. Клучните институции недоволно ја препознаваат својата улога во поширокиот систем, а повеќето посочуваат на отсуство на институционална комуникација и меморија, како и на недостиг од човечки и технички капацитети.
Во документот се предлагаат три можни модели: а) создавање самостоен центар за дигитална или национална отпорност, б) формирање национален координативен механизам под Владата или в) интеграција во Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Документот за јавна политика препорачува воспоставување национален механизам заснован на меѓуинституционална координација, медиумска писменост, јакнење на јавната свест и меѓународна соработка и нуди патоказ со јасни чекори што треба да ги преземе Владата.
На панел дискусијата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги презентираше основите на новата инфраструктура предвидена со Законот за сајбер-безбедност. Домашни, регионални и експерти од Европскиот центар за извонредност за спротивставување на хибридни закани (Hybrid CoE) говореа за европските практики и можности, регионалниот контекст и можностите за градење долгорочна отпорност.
Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.
ИКС: Потребен е интегриран национален механизам за одговор на странско мешање и манипулирање со информации 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-11-28 12:56:24 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





