
Еден од најважните ресори во општеството, јавното здравство, и 2025 година ја преброди со истите стари дијагнози. Хроничните слабости што со години го разјадуваат системот беа присутни и изминатата година: одлив на медицински кадар, нееднаков пристап до услуги, нефункционална дигитализација. Здравствениот систем продолжи да функционира едвај, а за маките, лекот сè уште се бара.
Недостигот од медицински кадар остана еден од најгорливите проблеми и во 2025 година. Како продолжение на состојбата од претходните години, јавното здравство се соочува со недоволен број специјалисти, а младите лекари и специјализанти, по завршувањето на образованието, сè почесто се одлучуваат за работа во приватните клиники или заминуваат во странство.
Овој тренд е особено изразен во помалите градови и руралните средини, каде што болниците и здравствените домови тешко обезбедуваат соодветен кадар. Проблемот е нотиран и во последниот извештај на Европската комисија, во кој се посочува дека соодносот на медицински сестри на 100.000 жители е под просекот на Европската унија, а одливот од јавниот кон приватниот сектор продолжува.
Скапо здравство и нееднаков пристап до услуги
Иако финансирањето на јавното здравство е зголемено, системот и понатаму се соочува со сериозни слабости. Граѓаните плаќаат високи директни трошоци за здравствена заштита, што претставува значајна пречка за еднаков пристап до услуги, покажа годинашниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија. Според податоците од Европската комисија, повеќе од 40 проценти од вкупните здравствени трошоци паѓаат директно на товар на пациентите. Тоа ги тера граѓаните, поради долгите листи на чекање и недостигот од специјалисти, да бараат услуги во приватниот сектор, дополнително оптоварувајќи ги семејните буџети.
„Граѓаните и натаму плаќаат висока цена за здравствената услуга, односно, 41,7 проценти од вкупните трошоци паѓаат директно на товар на пациентите, што претставува сериозна пречка за еднаков пристап до здравствена заштита. Иако системот за е-здравство и мобилната апликација се унапредени, системот за закажување термини не функционира соодветно и не е поврзан со базата на податоци на Фондот за здравствено осигурување“, наведено е во извештајот на ЕК за напредокот на земјава кон ЕУ.
И покрај тоа, кон крајот на годината Фондот за здравство ги зголеми цените на здравствените услуги во јавните здравствени установи за 50 отсто.
Iзминатата година проблем беше и менталното здравје на младите, каде што недостигаат и кадар и буџет.
„Кампањите за рано откривање на рак продолжуваат, но опфатот останува ограничен, а Регистарот за рак бележи пораст на заболени и смртни случаи. Иако се планирани повеќе пари и нови лекови за ретки болести, тие опфаќаат само околу една третина од пациентите. Вакцинацијата е благо зголемена, а трансплантациите на крв, ткива и органи растат, но сепак, законската рамка сè уште не е целосно усогласена со европските стандарди“, утврди ЕК.
Во извештајот на ЕК пишуваше и дека „иако системот за е-здравство и мобилната апликација се унапредени, системот за закажување термини не функционира соодветно и не е поврзан со базата на податоци на Фондот за здравствено осигурување“.
На 15 јуни, непосредно по седнувањето во министерската фотелја, Азир Алиу, зборуваше за идејата за изградба на нов Клинички центар. Алиу кажа дека за него постои можност да биде финансиран со парите за проектно финансирање кои на Македонија ѝ се ставени на располагање преку договорот со Обединетото Кралство тежок шест милијарди евра, од кои на здравствениот сектор, тој кажа дека ќе му припадне една милијарда евра. Ваков центар, иако многупати досега споемнуван и ветуван на неколку поранешни министри, до денеска не само што не е изграден, туку и не е започната никаква процедура за негова изградба.
И во 2025 ресорот здравство остана меѓу секторите најподложни на корупција. И покрај воведените критериуми за цени на услуги и лекови и подобрените процедури за лекување во странство, истрагите за злоупотреби продолжуваат. Европската комисија препорачува засилена дигитализација, поголема транспарентност и јакнење на интегритетот во здравствениот систем, како предуслови за поефикасна и пофер здравствена заштита.
Институтот за јавно здравство нè учеше како да се одбраниме од ѓубрето
По неколкунеделната состојба со преполни контејнери, расфрлан отпад и појава на глодари на улиците, Скопје изминатата година воочи локалните избори се соочи со сериозен јавно-здравствен ризик. Наместо градска хигиена што функционира, добивме упатства како да се заштитиме од ѓубрето кое беше насекаде околу нас. ИЈЗ излезе со препораки и апелираше до населението на зголемена лична хигиена, внимателно ракување и совесно одлагање на отпадот, како и избегнување контакт со исцедоци, стагнирана вода и расфрлано ѓубре.
Експертите предупредуваа дека Скопјани се под закана од дизентерија, листериоза и други болести, кои глодарите и инсектите може да ги прошират, па проблемот со сметот да стане сериозен здравствен проблем.
Изминатата година, на листата проблеми се најдоа и слабата контрола на тутунот, високата употреба на антибиотици, недоволната подготвеност за прекугранични здравствени закани, како и хроничниот проблем со паркингот во Клиничкиот центар, кој продолжува да ги мачи пациентите и во 2026 година.
Дополнително, иако беше најавено дека онколошките пациенти нема да остануваат без терапија, сепак, поради проблеми со дистрибуцијата на лекови, дел од нив беа приморани одреден период да користат заменска терапија.
Јaвното здравство во 2025: Стари дијагнози со повисоки цени – 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-05 08:05:49 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
