
Украинскиот документарен филм „Облаците се движат со голема брзина“ (Летять хмари з великою швидкістю/Clouds move with great speed) на режисерот и снимател Роман Островски и продуцентката Ирина Кипоренко ја доби главната награда за најдобар филм на 26. издание на go East, Фестивал на филмови од Централна и Источна Европа во Визбаден, Германија (21-27 април 2026), во конкуренција на 16 документарни и играни филмови.
Основан и форматиран во 2001 како фестивал со цел Западна Европа да се отвори за мислите, сликите, митовите, приказните, културите и филмовите од соседите од Централна и Источна Европа и кавкаскиот регион, Филмскиот фестивал goEast две и пол децении гради мостови за подобро меѓусебно разбирање на „стариот континент.“
Поглед на Исток
И годинешното издание на goEast ја продолжува мисијата на креирање на фестивалската програма пред сè како одговорност кон публиката и општеството, па како што истакнаа организаторите, „покрај широкиот натпреварувачки дел и интензивните средби во киносалите, годинешниот фестивал вклучуваше гостувања на меѓународно признати филмски режисери и претставници на филмски институции. Овогодишниот симпозиум, насловен како „Кинематографски стратегии на отпор“, беше пречекан со многу висок степен на ентузијастичко учество и распродадени кинопроекции“.
Меѓу останатите настани, фестивалскиот портрет беше посветен на делото на романската продуцентка и претседателка на Европската филмска академија, Ада Соломон, прикажувајќи наслови од нејзиното богато портфолио на играни и документарни филмови во кои доминира критичката нота за историјата и модерното општество, обременети главно со конзервативни и антисемитски наративи. А со тематската програма насловена „Револуција“ GoEast истражуваше нови територии преку општествено релевантни панел дискусии и длабински размислувања за значењето на филмот и киното за општеството.
Во таква креативно-критичка атмосфера, секако дека goEast со очи ширум отворени ги следи невралгичните точки на загрозените слободи на источната страна на европскиот континент. На таа „мапа на бесчестието“ секако дека целосната воена инвазија на Русија врз Украина, започната во 2022, сè уште е најболната точка во непочитувањето на најосновните морални вредности. Затоа, документирањето на воените злосторства кои се резултат на четиригодишната руска воена агресија врз Украина станува услов без кој не може да се (за)мисли слободарскиот свет.

Оловните облаци над Украина
По започнувањето на целосната воена инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022, Островски со неговото претходно искуство на филмски снимател се пријавил да волонтира во украинската армија со желба да помогне таму каде што може. Започнал да ги документира трагичните искуства на луѓето на кои ги среќавал во Киев и околината, засипани со руски ракети и дронови.
Лишен од какви било естетски дотерувања, реализиран во долги кадри со камера од рака и основниот тон без постпродукциски ефекти, филмот „Облаците се движат со голема брзина“ на Островски прикажува три приказни, а протагонистите се на различна возраст и животна преокупација.
Тетјана е жителка на Бахмут, еден од првите градови кои беше тотално разрушен. Таа треба да се евакуира, и освен две ќеси со облека и спомени на домот, посакува само да си ја најде нејзината миленичка-мачката и да ја понесе со неа во неизвесноста на бегалскиот живот.
Буриј е член на спасувачкиот тим кој се обидува да спаси ранет украински војник, превезувајќи го со возилото на брзата помош до најбилскиот военомедицински пункт. Носилката е полна со крв…
Рибарот Вадим е жител на областа Киев кој изгубил пет члена на семејството во руските воздушни напади врз станбената зграда во која живееле. И по две поминати години посмртните останки на членовите на потесното семејство на Вадим сè уште не се идентификувани. Вадим со морничава студенина го набљудува секое наредно откопување на рушевините, надевајќи дека ќе најде барем некој посмртен останок од најблиските за да може достојно да ги погреба. Досега се пронајдени остатоци од тела на 29 лица, но ужасното бомбардирање не оставило ниту можност тие да бидат идентификувани. Единствено што Вадим може да препознае се деформираните клучеви од неговата изгорена гаража.
„Облаците се движат со голема брзина“ е реализиран токму како сиров документарен материјал во кој трогателните судбини на протагонистите се пренесени без плач и лелек, туку со ретко виден стоицизам во трагичните моменти. Затоа се повеќе од важен документ за страдањето на украинскиот народ по целосната воена инвазија на Русија.
Пишува: Стојан Синадинов (од Филмскиот фестивал goEast во Визбаден, Германија)
Без плач и лелек, со вистината против руската воена инвазија врз Украина 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-03 08:40:36 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


