
Форумот за образовни промени (ФОП) извести дека се мета закани и заплашување откако вчера објавија за незаконското унапредување на Арбеша Беџети Ферати, сопругата на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, Кенан Ферати.
„Нашите платформи и личните профили на тимот станаа цел на кампања за заплашување, закани и оцрнување веднаш по јавното разоткривање на незаконското унапредување на Арбреша Беџети Ферати, сопругата на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, Кенан Ферати. Синоќа, работите отидоа подалеку. Едно лице, преку лажни профили но и од сопствениот профил, испрати навредливи и заканувачки пораки до членовите на семејството на извршниот директор на ФОП, Бленди Ходаи“, се вели во соопштението.
Од ФОП информираат дека сите случаи се пријавени во Секторот за внатрешни работи во Тетово, од каде се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Заканите кај нас не поминуваат. Универзитетот во Тетово ќе се ослободи од криминалот и од академските криминалци“, велат од ФОП.
Директорот на ФОП, Бленди Ходаи потврди дека пријавил едно лице во Полициската станица во Тетово, потенцирајќи дека “заканите не функционираат“ и “вистината ќе биде извадена до крај“.
„Штотуку пријавив еден обичен заканувач во Полициската станица во Тетово, во врска со последниот случај што го објавивме. Органите на редот ќе се занимаваат со секого што овие денови ќе се осмели да ми се закани мене, на моето семејство или на моите колеги. Многу добро знаете дека со мене заканите не функционираат. Колку повеќе се закануваат, толку појасно станува дека сме допреле нешто што ве боли. Вистината ќе ја извадиме до крај. Ама не пробувајте повторно со моето семејство — таа е црвена линија што не се поминува“, напиша Ходаи на својот Фејзбук профил.
Предходно ФОП реагираше на случајот каде Арбреша Беџети Ферати, сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, е избрана во звање редовен професор при што, според нив, биле прекршени најмалку 15 законски и статутарни одредби.
„Случајот што го отвораме јасно укажува дека мрежата на роднински и интересни врски го ставила во втор план Законот, Статутот и другите прописи. Речиси и да нема орган во рамки на Универзитетот во Тетово кој не бил вклучен во ова незаконско унапредување. Ова покажува дека во процесите на избор повеќе не пресудува знаењето, туку познанствата“, истакнуваат од ФОП.
Оттаму велат дека ваквите наоди се поткрепени и со извештај на Државниот просветен инспекторат, додавајќи дека во постапката учествувале повеќе универзитетски тела, меѓу кои Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, Сенатот и Рецензентската комисија.
ФОП го повика ректорот на Универзитетот во Тетово, Јусуф Зејнели, да соработува со инспекциските служби, посочувајќи дека според нивни информации тој одбил да го потпише записникот од надзорот.
„Зејнели треба да понесе одговорност бидејќи сите овие прекршувања се случиле во периодот додека тој раководи со универзитетот“, велат од Форумот.
Организацијата побара и Јавното обвинителство да отвори истрага, оценувајќи дека станува збор за „добро организирана шема“. Воедно, тие бараат поништување на изборот на Ферати, дополнителна проверка од Државниот просветен инспекторат за тоа дали ги исполнува условите за избор, како и разрешување на нејзиниот сопруг Кенан Ферати од функцијата до расчистување на случајот.
Закани и притисоци кон ФОП по случајот со Арбеша Беџети Ферати на Универзитетот во Тетово 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-02 18:09:52 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





