Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media

Хантавирусите не се нов феномен што вчера се појавил во лабораторија и не се реална закана, предупредува епидемиологот
проф. д-р Драган Даниловски на својот
профил на Фејсбук. Тој смета дека оваа тема деновиве станала новата суровина за глобалната индустрија на страв, односно вели, доволен
беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.
„Повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“. Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус. Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.
Посебно загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци, чиј јавно изговорен збор носи огромна тежина, зашто, покрај името им стои титула
доктор.
По ковид-пандемијата, општеството остана психолошки преосетливо на теми поврзани со инфективни болести.
„Хантавирусите се одамна познати во медицината. Тоа се група вируси поврзани со глодари, кои се нивен природен резервоар. Луѓето најчесто се инфицираат преку контакт со аеросоли контаминирани со измет, урина или плунка од заразени глодари. Дел од нив се присутни на европскиот континент, Азија и Африка (подгрупа на Хантавируси на Стариот свет – Old
World Hantaviruses). Ендемско подрачје е Балканот. Друг дел од нив (подгрупа на Хантавируси на Новиот свет –
New World Hantaviruses) „владее“ со обете Америки. Ендемско подрачје се Аргентина и Чиле. Иако двете подгрупи се сродни, тие се разликуваат по тоа што предизвикуваат различни видови болести кај хуманите домаќини. Вирусите во подгрупата на новиот свет предизвикуваат болест позната како „хантавирусен пулмонален синдром“ со десетици заболени секоја година и смртност од 20-40%. Вирусите во подгрупата на Стариот свет предизвикуваат болест позната како „хеморагична треска со бубрежен синдром“, со стотици заболени секоја година и со смртност од 1-15%. Балканот има сопствено искуство со хеморагичната треска со бубрежен синдром. Во подгрупата на Новиот свет постои типот Andes вирус, (причинител на епидемијата на крузерот „Хондиус“). Само кај овој тип е опишан и пренос од
човек на човек“, напиша Даниловски.
Според него многу е важно што тој вирус не циркулира кај нас, ниту постои ризик да „скокне“ од некој од заразените на крузерот.
„Поради тоа, во моментот не постојат индикации за сценарио што би наликувало на ковид-пандемијата. Истовремено, постојат реални причини за внимателност. Темата за хантавирусите отвора
едно многу приземно и локално прашање: каква е состојбата со урбаната хигиена, дератизацијата и контролата на глодарите во македонските градови? Во изминатиот
период, Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии.
„Мијазма“ на 21
век! Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци. Кои претставуваат потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции“, потенцира Даниловски.
Како што вели, прагот на летото е момент кога институциите, поради елементарна епидемиолошка логика, треба сериозно да пристапат кон дератизација, дезинфекција, санитарен надзор, урбана хигиена, контрола на дивите депонии.
„Крајно
време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста
денес ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција“, напиша Даниловски.
Мета неодамна пишуваше дека нема опасност од епидемија, односно, дека според микробиологот проф. д-р Никола Пановски, нема опасност од ширење на вирусот.
„Ние сме блиску до ендемско подрачје кај што го имало тој вурус. Во осумдесетите години на минатиот век го имаше како епидемија во Косово и во Црна Гора. Онаму каде што има проблем, треба да се преземат мерки бидејќи ако глодарите не се фатат на време, луѓето ќе бидат поизложени на вирусот. Ако се јави болеста односно ако има некое жариште, треба да се направи дератизација и дезинфекција, има начин да се контролира. Вакцина има во Кореја, но не гледам причина луѓето да се вакцинираат“, смета Пановски.
Според информациите на Црногорскиот Институт за јавно здравје, на крузерот има државјани на Црна Гора, но и од 87 други земји меѓу кои Велика Британија, Шпанија, Франција, Германија, Грција, Белгија, Полска, Ирска, Турција, Соединетите Американски Држави, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Аргентина, Јапонија, Филипини, Русија, Украина, Индија, Португалија, Гватемала и Холандија. Но, оттаму немаат информации дали меѓу заболените или оние со благи симптоми има црногорски државјани.
Летото 2017 година во Македонија од Ханта вирус починаа татко и син од селото Симница, гостиварско. Тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари ја смируваше јавноста откако се појави паника, велејќи дека вирусот не се пренесува од човек на човек, туку најчст преносител е полскиот глушец.
Даниловски: Хантавирусите не се нова закана за човештвото, на јавноста ѝ се потребни точни информации 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-10 09:14:36 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media