
Под мотото „Присвојување на достоинството“ третото издание на Студентскиот форум на Форумот за промени во образованието (ФПО) собра во Скопје млади, студенти и активисти од Западен Балкан, кои дискутираа за актуелни прашања кои што директно ги засегаат нив, и она што е најважно, како да ги адресираат истите, пишува Порталб.мк.
Оваа година Студентскиот форум настапи со нова програма и активности. Бленди Ходаи, директор на ФПО, нагласи дека достоинството е едноставна и непреговарачка вистина дека никој не треба да се потчини за да биде слушнат или замолчен.
„Кога се подготвувавме за овој Форум, првично помисливме да го наречеме „Враќање на достоинството“, но се појави едно суштинско прашање: дали можете да вратите нешто што никогаш навистина не сте го имале? Но, кога ја видовме нашата реалност, сфативме дека на многу млади луѓе достоинството никогаш не им било целосно дадено. Тоа било ставено под знак прашалник, било условено и честопати негирано. И токму поради оваа причина не сме собрани тука за да го вратиме достоинството, туку тука сме за да го присвоиме, да го дефинираме, упорно да го бараме и да го браниме“, рече Ходаи.
Дискутирајќи за состојбата во земјите на Западен Балкан петмина активисти од регионот зборуваа за состојбата на студентите, правата, предизвиците и начинот на кој тие можат да го кренат својот глас, и најважно, како тој глас да биде слушнат.
Никола Малетиќ од Србија, зборувајќи за протестите на студентите во Србија, рече дека тие го присвојуваат достоинството.
„Луѓето во Србија не им веруваат на лидерите, тоа што беше добро е дека ние немавме лидер, туку го создадовме заедно. По прв пат гледаме како младите се вклучуваат во еден процес“, рече Малетиќ.
Емина Мусија од Босна и Херцеговина, зборувајќи за состојбата во нејзината земја, како некој што работи со младите, рече дека тие не веруваат многу дека протестите може да направат големи промени, и тоа е така поради системот.
Миген Ќираџи од Албанија зборуваше за студентските протести во Албанија, при што рече дека протестите можат да донесат промени.
„Се трудиме да ги ангажираме студентите. Немаме сè што сакаме, но со секој протест сме постигнале нешто“, рече Ќираџи.
Дибран Хоџа од Косово нагласи дека треба да се добие вниманието на луѓето, посебно на младите, за да се пренесат пораките. Тој го спомна нивното искуство со разоткривањето на плагијатите.
„Ги разоткривме плагијатите на професорите во Косово, маскирајќи се како нив… Откако привлековме внимание преку креативност и сарказам, ние ја пренесовме нашата порака“, рече, меѓу другото, Хоџа.
Кристина Јанковиќ од Црна Гора, зборувајќи за предизвиците со кои се соочуваат младите во нејзината земја, спомна дека тие наскоро ќе станат земја членка на ЕУ, но го покрена прашањето дали ќе се повтори сценариото од Хрватска кога многу млади луѓе ја напуштија земјата и заминаа во поразвиените земји на ЕУ.
За време на една интерактивна дискусија во форматот „fireside chat“, Владимир Мартиновски – декан на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Викторија Постоловска од ФПО дискутираа за тоа како јазикот во високото образование често се претставува како неутрален, објективен и авторитативен. Тие дискутираа за тоа како академскиот јазик може да го зајакне растојанието помеѓу професорите и студентите, обликувајќи го не само начинот на кој се споделува знаењето, туку и тоа кој се чувствува овластен/а да учествува во него.
Во истиот формат за ситуацијата на младите во Западен Балкан дискутираа и Вљора Речица од Фондацијата Отворено општество и Гуѕим Нухиу. Овој разговор фрли светлина врз најприфатената лага на младите генерации: дека промената е нешто што ни се случува, а не нешто што самите го создаваме.
Во тек на денот младите имаа можност да учествуваат во една од трите работилници: ВИ на менито – образованието, студентите и алгоритмите; Привлекување на вниманието од медиумите: Како да ги раскажуваме приказните за да бидат слушнати; Зависноста од допаминот и дигиталната благосостојба.
За прв пат беше прикажана изложбата „Resistance“ со интервјуа на 11 активисти од целиот регион кои вршеле креативна герилска работа за промени.
За време на форумот беше промовиран и прирачникот со 22 колумни напишани за ФПО, сите со фокус на промените во образованието и младите. Како и секоја година. И оваа година беше усвоена студентската резолуција. Оваа година Студентскиот форум се одржа во CoWork21, при што влезот беше слободен
за сите. Потсетуваме дека првото издание на Студентскиот форум се одржа во март 2024 година, а
второто издание се одржа во мaj 2025 година.
Студентски форум во Скопје: Младите во Западен Балкан помеѓу разочарувањето и отпорот 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-10 09:13:05 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





