
Изминатиот период на социјалните мрежи се споделени повеќе фотографии од домашен амбиент за кои се тврди дека ги прикажуваат Епстин и Зеленски на приватниот остров на Епстин, како се ракуваат, седат и разговараат итн. Но, овие фотографии се неверодостојни и креирани со вештачка интелигенција, пренесува Вистиномер.
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и се тврди дека претседателот на Украина Володимир Зеленски бил многу близок и редовно се среќавал со сексуалниот престапник кој почина во притвор, Џефри Епстин. Во неа пишува:
Некои пишуваа дека Путин е агресорот а Зелениот француска собарица? Е па слушнете па ако имате капацитет заклучете кој е кој…
Во склоп на објавата се споделени кадри од видеоматеријали, и за нив се вели дека ги прикажуваат Епстин и Зеленски, но овие кадри од видеоматеријали се лажни, односно не се веродостојни.
Како што пишува „Еуроњуз“, изминатиот период на социјалните мрежи се споделени повеќе фотографии од домашен амбиент за кои се тврди дека ги прикажуваат Епстин и Зеленски на приватниот остров на Епстин, како се ракуваат, седат и разговараат итн.
Сепак, има бројни докази дека овие фотографии се лажни. Нашите проверувачи на факти ги поставија фотографиите на платформата на Гугл за вештачка интелигенција Gemini, која детектираше SynthID на фотографиите. SynthID е невидлив жиг развиен од Гугл кој покажува дека целата или дел од фотографијата е креирана или модифицирана со алатките за вештачка интелигенција на Гугл. Фотографиите исто така се со многу низок квалитет, што е типично за содржини креирани со вештачка интелигенција која се обидува да симулира снимка од сигурносна камера. Исто така, временската рамка не се совпаѓа. На фотографиите Зеленски ја носи својата вообичаена зелена маичка во која се појавува од почетокот на воената инвазија на Русија во 2022 година. Епстин пак, почина во август 2019 година, само неколку месеци откако Зеленски стана претседател на Украина (во мај 2019), пишуваат проверувачите на факти на Еуроњуз.
Исто така, тие додаваат дека нема кредибилни докази дека Епстин и Зеленски било кога се сретнале. Пребарувањето низ фајловите на Епстин, кои се јавно достапни, не даваат резултати за Зеленски, освен во контекст на медиумски написи од 2019 кога тој стана претседател на Украина.
Нема докази за директна врска меѓу Епстин и Зеленски во овие фајлови, пишуваат проверувачите на факти на „Еуроњуз“.
Оттаму додаваат дека ова не е првпат да се шират вакви невистини, бидејќи други проверувачи на факти веќе дебанкирале претходни случаи каде од проруски Телеграм канали се ширела дезинформација и лажни наративи за Епстин и Зеленски во контекст на трговија со луѓе.
Исто така, претседателот на Украина е цел на дезинформациски кампањи меѓу кои „Бура 1516“ за кои Вистиномер веќе пишуваше. Честа тактика на проруската пропаганда е да се шират дезинформации преку канали што симулираат респектабилни медиуми.
Исто така, во објавата, поточно во споделеното видео се споменува и Марина Абрамовиќ во контекст на трговија со деца. Поточно, во видеото се тврди дека Володимир Зеленски во 2022 година ја поканил светски познатата концептуална артистка Марина Абрамовиќ со потекло од бивша Југославија да биде амбасадор на Украина. Во видеото од објавата што ја рецензираме невистинито оваа покана на Зеленски се доведува во корелација со трговија со деца, поточно сирачиња од Украина.
Но, вистинската цел на поканата на Зеленски кон Абрамовиќ, како што извести „Џерусалем пост“ повикувајќи се на самата Абрамовиќ, беше во тоа таа да организира собирање на средства (фондови за донации) за да се реизградат училиштата уништени од воената инвазија што Русија ја почна во Украина во 2022 година, во областите погодени од руските напади. Истото може да се потврди и од други медиуми.
Марина Абрамовиќ е гласен поддржувач на Украина и претходно имаше креирано интерактивна инсталација во 2021 година во оваа земја, посветена на масакрот на Евреите во местото Бабин Јар за време на Втората светска војна.
Во видеото од објавата што ја рецензираме, се споменуваат фотографии од инсталација на Абрамовиќ, со деца, меѓутоа таа инсталација не е поврзана, ниту е доказ за „трговија со деца“ или „трговија со луѓе“.
Поточно, се работи за уметничката инсталација на Марина Абрамович „Eight Lessons on Emptiness with a Happy End“ (2008) – „Осум лекции на празнината со среќен крај“. Ова е видео и фотографски проект снимен во Лаос, каде што се појавуваат локални деца облечени во воена облека, како дел од нејзината визуелна критика на воените конфликти.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Фотографиите од „средбите“ на Зеленски и Епстин се креирани со вештачка интелигенција 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-04 13:34:01 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


