
Рецензираме објава во социјалната мрежа Фејсбук, која вели:
На Иран му изразивте ли сочувство за загубите, или Иран, според принципите на стратешкиот ви, не е суверена држава?
Треба да го ислушате обраќањето на Милановиќ и барем нешто да се обидете да поднаучите. И Хрватска е членка на НАТО, и на ЕУ е, но такво вазалско однесување нема. Но, зошто се чудиме, за вас и Зеленски е херој.
/ си го пренесов коментарот што го оставив под објавата на Мицкоски./
Срам ми е што е Македонија на погрешната страна на историјата. На страна на агресор кој во име на ” својата национална безбедност”, економски интереси и каубојска политика, руши и уништува други суверени држави.
Објавата ги осудува за двојни аршини оние кои сочувствуваат со Володимир Зеленски и неговиот отпор против Русија, но не и со Иран и неговиот отпор против САД и Израел. Таа тука го поставува прашањето зарем Иран не е суверена држава, која има право да се брани и зарем таа не е жртва на агресија, која заслужува сочувство?
Меѓутоа, случаите со Украина и Иран се потполно различни и таа паралела е лажна, а Иран не би можел баш да се опише како недолжна жртва на агресија.
Исламистите го водат Иран уште од 1979 г. и тие самите уште од старт воделе агресивни политики. На 4 ноември истата година тие дури насилно ја зазеле амбасадата на САД во Техеран, по што нејзиниот персонал го држеле во заложништво дури 444 денови.
Иран уште оттогаш спонзорира терористи како Хезболах во Либан, Хамас и Палестински исламски џихад во Газа и Ансар Алах (Хутите) во Јемен, а нивни главни мети се „Големата Сатана“ Америка и „Малата Сатана“ Израел – како што се изразува иранскиот режим. Тој го нарекува Израел и „канцер“ на светската мапа и отворено се залага за негово збришување.
Да нема забуни, Иран не бара Израел да се реформира или коригира, туку просто сака да го уништи. Според Иран, Израел ќе исчезне до 2040 г., па во центарот на Техеран е дури поставен часовник, кој тоа го одбројува. А, кога на 7.10.2023 г. Хамас тргна во масакри и грабнувања на израелски цивили, иранското собрание тоа го прослави со овации. Иранскиот режим скоро не нуди ништо освен терор, па нејасно е какво сочувство за него бара објавата што ја рецензираме.
Иран разгорува судир и меѓу муслиманите, така што се меша во разни војни како во Либан, Ирак и Сирија, кај што ги преферира шиитите на штета на сунитите (со одредени исклучоци).
Заради верската блискост меѓу шиитите и алавитите, Иран го поддржуваше семејството Асад, кое со децении брутално владееше со Сирија и кое го угнетуваше сунитското мнозинство во таа земја. Тоа доведе до војна, во која посебно се истакнаа сунитските екстремисти од Исламската држава, во споредба со кои Асадовци и Иран делуваа како далеку попристојна опција, но ни тие не беа ангели.
Иранците тогаш отворено даваа експанзионистички изјави дека Сирија е нивна провинција, додуша не мислеа на буквална анексија на територија, туку на политичко влијание.
Такво штетно влијание тие имаат и врз Либан преку нивниот сојузник Хезболах, кој бил формиран со помош на Исламската револуционерна гарда на Иран. Хезболах во Либан делува како „држава во држава“, особено на неговиот југ, а со тоа Иран го дестабилизира Либан и практично го растура како држава. Хезболах учествувал во тамошната Граѓанска војна (1975 – 1990), а во даден период ја поддржувал и сириската окупација на Либан (1976 – 2005).
Иран ги тероризира и сопствените граѓани, кои многупати масовно протестираа. Тој брутално им ги крши човековите права, особено на жените, а озлогласен е и по егзекуциите, цензурата и шеријатските полициски патроли. Иронично, авторот на објавата, која сега ја рецензираме, е жена, но таа не покажува интерес за проблемите на иранските жени.
Иран ја помага руската агресија врз Украина со дронови Шахед 131 и 136, кои под називите Герањ 1 и 2 лиценцно се произведуваат во Русија. Нејзе Иран ѝ испорача и дронови Мохаџер 6, ракети Фатех 360, како и воени инструктори за тие оружја, но и артилериска и друга муниција.
Русија изврши дури и илегална анексија на украински територии, но ниту Американците, ниту Израелците немаат изјавено дека планираат такво нешто во Иран, што е аргумент повеќе дека меѓу војната во Иран и онаа во Украина нема паралели. Територијалната целосност на Иран тука не се доведува во прашање, туку само неговиот актуелен режим.
Објавата споменува растурање на држави, можеби мислејќи на сепаратистите во Курдистан, Балочистан и други региони во Иран, кои САД и Израел би можеле да ги искористат како сојузници. Такви идеи има, но Бенјамин Нетанјаху ги повика во борба за демократски Иран сите негови жители, наведувајќи ги сите негови етнички групи, што е повик за единство, а не за сепаратизам. Дали тој став ќе се промени понатаму – не можеме да нагаѓаме.
Пред почетокот на актуелниов конфликт, Меѓународната агенција за атомска енергија јави дека повеќе нема увид во иранската нуклеарна програма, која, наводно, е само за мирнодопски цели. Иако нема јасни докази дека Иран веќе поседува нуклеарно оружје, има стравувања дека тој ја злоупотребува таа програма и дека доста напреднал во напорите да го создаде тоа оружје. Но, дури и тоа да е мит, иранскиот режим секако има куп гревови и „скелети во плакарот“ – како што некои би се изразиле.
На крај го заклучуваме следново. Неспорно е дека Иран е суверена држава, која е нападната од страна на САД и Израел, но објавата тенденциозно ја премолчува предисторијата на тој напад и низа важни и непријатни факти за иранскиот режим, па оценуваме дека објавата страда од недоречености, соодносно од недостаток на контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Лажно опишување на Иран како недолжна жртва и лажна паралела со војната во Украина 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-08 07:08:34 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
