Триесет и еден отсто од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина, што е над европскиот просек (25 отсто и 11 отсто). Зголемената телесна тежина и дебелината е почеста кај момчињата во споредба со девојчињата, покажуваат наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI), а за кои информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Наодите покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 годишна возраст во Македонија“, наведено е во студијата.
Како што се наведува, само 25 отсто од децата секојдневно јадат свежо овошје и ова е најниската дневна консумација на овошје во целиот европски регион.
„20 отсто од децата консумираат свеж зеленчук секој ден, што, исто така, е меѓу најниските нивоа во Европа“, пишува во објавата.
Солени грицки јадат 40 отсто од децата, што е најмногу во однос на државите вклучени во COSI студијата во Европскиот регион.
„Повеќе од половина, односно 51 отсто од децата редовно консумираат слатки грицки три или повеќе дена во неделата. 40 отсто од децата поминуваат повеќе од два часа дневно пред екрани (телевизија или електронски уреди). 63,3 отсто од децата пешачат или возат велосипед до училиште. Кај оние што живеат на растојание до 2 km, оваа навика ја практикуваат дури 89 отсто“, евидентирано е во наодите на студијата.
Во однос на физичката активност, исто така се наведува дека 94 отсто од децата секојдневно имаат најмалку еден час активна игра со умерен до силен интензитет.
„48,2 отсто активно спортуваат или танцуваат повеќе од два часа неделно. Во однос на спиењето, големо мнозинство, 88,6 отсто, спијат најмалку 9 часа навечер“, пренесува ИЈЗ.
Децата со зголемена телесна тежина и дебелина живеат во семејства чии родители имаат низок или среден степен на формално образование.
„Децата кои практикуваат навики кои поддржуваат здравје, живееле со родители кои имале повисок степен на образование. Постои ниска свесност кај родителите за препознавање на зголемената телесна тежина и дебелината кај нивните деца. За повеќе од половина од децата кои живеат со зголемена телесна тежина и/или дебелина, родителите перципирале дека телесната тежина на нивните деца е во препорачани граници на „нормална телесна тежина“, пишува во студијата.
Според надлежните во ИЈЗ, ваквите наоди ја нагласуваат итната потреба од системски интервенции во училишната и семејната средина на децата, за да се промовира нивен здрав раст и развој.
„Интервенции се потребни и во други области. Реформулацијата на храната, информациите поврзани со храната, рекламирањето, урбаната околина и можноста за практикување безбедно движење и физичка активност се само дел од нив“, пишува во објавата.
Во интервју за Мета, д-р Игор Спировски од Институт за јавно здравје, зборувајќи на оваа тема, кажа дека родителите треба прво да ги прифатат патеките на однесување кои нема да промовираат дебелина.
„Треба да бидат свесни дека како се однесуваат тие, така се однесуваат и нивните деца. До еден период децата не можат сами да носат одлуки, туку го следат тоа што го прават родителите. А во однос на училиштната средина, каде што најмногу може да се делува, би препорачал следење на актите кои веќе се донесени, коишто веќе ги има донесено Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика. Институтот за јавно здравје срдечно помагаше да се донесат тие акти, правилници за стандардите на оброците и во градинки и во основно училиште, така што доколку ги следиме нив, мислам дека ќе ја подобриме ситуацијата. А надвор од училиштата, во заедниците во градовите во локалните средини и таму има многу што да се направи, така што тоа е веќе следно на кое треба да се фокусираат носителите на одлуки“, рече Спироски.
Македонија на дното во Европа по дневна консумација на овошје кај децата 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-04 11:20:09 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
