Обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, последните два дена предизвикаа повеќе поплави и свлечишта во Полошкиот регион, информира Центарот за управување со кризи. Во Тетово има паднат потпорен ѕид врз семејна куќа, на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата има свлечиште, а одронот претставува ризик за околните станбени објекти.
Големо свлечиште е регистрирано и на патниот правец од селото Џепчиште кон Џермо и патот е целосно непрооден. Свлечиште е пријавено и на улица „Прохор Пчински“, а во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот.
ЦУК информира дека во Општина Желино, реката Вардар се излеа во село Стримница, при што се поплавени пет куќи. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција е отежнат.
Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории а во Јегуновце поплавен е локалниот пат од село Сиричино кон село Јегуновце. Општината испрати механизација и се очекува нормализирање на сообраќајот.
„Во Гостивар состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите. Реките во селата Лакавица, Беловиште, Мало Турчане и Балиндол се повлечени во своите корита. Во село Форино, по излевањето на реката Вардар, водата е повлечена од улиците. Поплавени се околу 200 куќи. Во тек е испумпување на водата со ангажирање на служби и локално население“, посочуваат од ЦУК.
Информираат дека во Кумановскиот регион, во Општина Липково и Општина Старо Нагоричане, во моментов нема опасност од излевање на реките, водостојот е намален и водата е повлечена во коритата по вчерашните врнежи кога беа поплавени ниви, а беше однесен и дрвен мост.
Водата се нормализира и во Кичевскиот регион, каде врнежите престанаа и нивото на реките е намалено. Евакуирани се 250 лица од 62 семејства, на кои им се доставува храна, вода и неопходни средства. Екипите на ЈП „Комуналец“ и пожарникарите вршат испумпување на водата од подрумите на куќите.
Во Скопскиот регион пријавена е надојдена вода кај мостот во Јурумлери, како и минимално излевање на реката Вардар кај село Пакошево – Ново Село, во Општина Зелениково.
Од Црвениот крст информираат дека нивните волонтери се на терен и обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите, со достава на храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.
Покрај материјалната помош, волонтерите пружаат и психосоцијална поддршка (ПСС), обезбедувајќи разговор, емоционална поддршка и насоки за справување со стресот и траумата предизвикани од поплавите. Тие помагаат при евакуација, вршат проценка на потребите на погоденото население и соработуваат со локалните институции за побрзо и поефикасно справување со состојбата на терен.
Од Црвениот крст велат дека во моментов евакуирани и згрижени се вкупно 250 лица во кичевскиот регион. Од нив, 61 се деца – меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеци, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 мажи, како и 11 лица со инвалидитет.
Со материјална штета се засегнати вкупно 362 домаќинства, односно околу 1200 лица кои се соочуваат со последиците од временската непогода.
Обилните врнежи предизвикаа поплави и свлечишта во Полошкиот регион 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-16 12:46:43 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
