
Странци ловат диви животни и пијат крв од дива коза на македонски планини. Видеото, за кое денеска алармираа од граѓанската организација „Еко свест“, трае речиси половина час и е објавено во октомври минатата година. На него се гледа дека ловците ги придружува и возило со ознаки на Националниот парк „Маврово“, кој е единствениот во земјава што се уште не е репрогласен со закон, ниту пак има План за управување. Екологистите денеска апелираа Владата и Министерството за животна средина итно да ја финишираат постапката за репрогласување на паркот, а во меѓувреме да воведат мораториум за секакви активности.
Директорот на Националниот пакр Маврово, Харис Ибраими, вели дека ловот на животните е дел од Програмата за одгледувачки мерки, која ја одобруваат Министерствата за животна средина и за земјоделство и се однесува на следење на здравствената состојба на дивиот свет во паркот. Животните ги ловат ловни друштва кои се пријавуваат кај нив и кои смеат да се движат и да ловат само доколку имаат придружба од ренџер од паркот.
„Постои одреден број на животни кои се отстрелуваат во текот на годината и преку кои се следи здравствената состојба на популацијата. Тоа се точно одредени единки на точно одредени делови во паркот, кои би требало или ние самите да ги заловиме или да им дозволиме на некои ловни друштва што ќе се пријават“, вели Ибраими.
Од Еко свест потсетија дека Бернската конвенција побара земјава да се откаже и од изградба на мали хидроцентрали во рамките на Маврово, но и покрај тоа институциите не ја раскинаа концесијата за Рибничка, туку напротив, постапката продолжува да тече.
„Дваесет граѓански организации упатија писмо до Владата и до Министерството за итно продолжување на постапката за репрогласување на НП Маврово, но досега немаме никаков одговор. Пред две години е подготвена нова Студија за ревалоризација, која го утврди зонирањето и беше прифатена и потврдена од експерти, локалните власти, населението, но бидејќи не ја прифаќа сегашната управа на паркот, процесот е закочен. Бараме да продолжи административната процедура, да се усвои Студијата и нацрт законот да се стави на јавни консултации и конечно паркот да добие правна заштита. Бараме дотогаш да се прогласи мораториум за активности кои не се во согласност со заштитата на природата“, вели Ана Чоловиќ -Лешоска од Еко Свест.

Според законот за природа донесен во 2004 година, сите заштитени подрачја требало да се репрогласат во периодот до 2010 година. Првата Студија за ревалоризација на Маврово е изработена од 2011 до 2013 година, а закон за репрогласување е подготвен во 2015 година. Сепак, како што посочуваат од организацијата, иако текстот на законот излегол на ЕНЕР, никогаш не бил донесен бидејќи бил повлечен од Владата без образложение. Од таму предупредуваат дека изминуваат и двете години од важноста и на новата Студија која се изработи, за која финансии беа обезбедени и од државниот буџет.
„Паркот се наоѓа во правен вакуум, нема закон, ниту пак План за управување или Програма за шумски живеалишта, што се основните документи за нормално функционирање на паркот и без кои не смеат да се вршат активности како на пример сеча на дрва. Овие документи ги одобрува Министерството за животна средина со што треба да се озбезбеди ефикасна заштита на природата и биодиверзитетот“, вели Марко Гучевски од Еко свест.
Екологистите посочуваат дека активностите како ловење во национален парк се забранети, бидејќи тука живеат повеќе заштитени видови, меѓу кои и балканскиот рис, кој со педесетина единки спаѓа меѓу најзагрозените животни пред истребување.
Со новата Студија за ревалоризација се предвидуваше повеќе од половина од површината на Националниот парк „Маврово“ да биде зона на строга заштита и активно управување, а остатокот зона на одржливо користење и тампон зона. Тоа е зголемување за над 20 отсто на најстрого заштитените делови на паркот, во споредба со истиот документ што беше изработен во 2012 година. Студијата, која беше завршена во декември 2023 година, утврдува и нови надворешни граници на националниот парк, со кои неговата површина се зголемува за над 1.000 хектари.
Научните истражувања кои беа спроведени за потребите на Студијата во текот на 2023 година потврдиле присуство на 14 единки на балканскиот рис, 130 мечки, стабилна популација на волци, како и една од најголемите популации на пеперутката бакарец, загрозен вид кој се наоѓа на црвените листи под строга заштита. Во националниот парк во изминативе десетина години се зголемила и површината под шуми од 30.600 на 36.200 хектари, како и количината на дрвна резерва. Тука се наоѓа и најголемата природна популација на див костен со голем број на столетни дрвја.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-09-17 12:55:57
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

