

Регулаторната комисија за енергетика одлучи дека од денеска на полноќ цената на бензините (95 и 98 октани) ќе се намали за 2,5 до 3 денари за литар, додека цената на дизел горивото ќе остане иста како и до сега. Со тоа, максималната цена на еден литар Еуросупер 95 ќе биде 84 денари по литар, на Еуросупер 98 – 85,5 денари по литар, на Еуродизел 95,5 денари по литар, а на екстра лесното масло 92,5 денари по литар што е поскапување од половина денар. Од комисијата посочуваат дека донеле и одлука со која го намалуваат износот кој граѓаните го плаќаат за секој литар гориво за работење преку склад, од 1,70 на 1,20 денари по литар.
Според РКЕ, цените на бензините на светските берзи во последната недела бележат пад од 3,76 отсто додека кај дизелот има раст од 1,6 отсто, па затоа е намалена цената на бензините. Според РКЕ, курсот на денарот во однос на доларот, кој исто така влијае на крајната цена е понизок за 0,5 отсто.
Во време кога цените на енергенсите драматично растат поради војната кој САД и Израел ја започнаа во Иран, Мета.мк анализираше каде се одлева колкав дел од секој продаден литар гориво. Според информациите од Регулаторната комисија за енергетика, кои се содржат во нивните одлуки во однос на цената на нафтата и нафтените деривати, најголем дел, очекувано се одвојува за големопродажната цена на дериватите, односно за нафтените компаниии рафинериите. Поточно кажано кога станува збор за дизел горивото, околу 66 отсто од цената е рафинериската цена, а кај безоловниот бензин, тоа опфаќа околу 55 отсто од цената.
Втор по големина е износот кој се одвојува за акцизата, односно данок кој го наплаќа државата и изнесува околу 16 отсто од цената на литар дизел, а 26 отсто од цената на секој литар бензин. Трета давачка која, исто така оди кај државата е уште еден данок, односно Данокот на додадена вредност, кој во моментов изнесува 10 отсто откако Владата реши да назначи привремена повластена ставка за нафтата и нафтените деривати, наместо 18 отсто. Акцизата и ДДВ-то, како даноци, заедно сочинуваат голем дел од цената на горивата, односно од една четвртина (25 отсто) до 35 проценти од малопродажната цена што ја плаќаме на бензинските пумпи во зависност од тоа какво гориво точиме. Меѓу давачките кои исто така се одвојуваат за државата за секој литар гориво се и давачките за задолжителни резерви (од 0,3 до речиси 1 отсто) и за животна средина (0,1 отсто).
Потоа, уште околу 8-9 отсто од малопродажната цена се одлева кај компаниите кои вршат увоз и транспорт на горивата, поточно, 8 отсто за трговска маржа и складирање и околу еден процент за транспорт.
window.addEventListener(“message”,function(a){if(void 0!==a.data[“datawrapper-height”]){var e=document.querySelectorAll(“iframe”);for(var t in a.data[“datawrapper-height”])for(var r,i=0;r=e[i];i++)if(r.contentWindow===a.source){var d=a.data[“datawrapper-height”][t]+”px”;r.style.height=d}}});
Експертите предупредуваат дека привременото намалување на Данокот на додадена вредност до 18 на 10 отсто за горивата не е доволно за да се спречи македонската економија да влезе во т.н. стагфлација, односно низок раст на Бруто-домашниот производ пропратен со висока инфлација (раст на цените) и зголемување на невработеноста.
На ваквите закани предупреди академикот Таки Фити во интервју за Блумберг Адрија, според кој оваа енергетска криза е „многу потешка од енергетската криза во 2022 година, бидејќи за 20 дена цената на нафтата порасна 70 отсто“. Како што додава Фити, ризиците за Македонија се поголеми бидејќи земјата и за време на кризата во 2022 година имаше највисока стапка на инфлација во регионот.
Тој смета дека многу поефикасна мерка од намалување на ДДВ-то е да се интервенира и во акцизите, што директно ќе влијае на цените на горивата. Тој ја повика и Комисијата за заштита на конкуренцијата да реагира при неоправдано покачување на цените.
„Не може ние да се фалиме дека имаме најниска цена на горивата во регионот, потребна е и поголема активност од Комисијата за заштита на конкуренцијата, не е доволно активна. Имаме силни тенденции на неоправдано покачување на цените и користење на оваа ситуација за да се остварат големи профити“, вели Таки Фити во интервјуто за Блумберг Адрија. Според него, ќе биде неопходно Народната банка да ги зголеми каматните стапки, а државата ќе треба да прави ребаланс на буџетот.
„Ако инфлацијата се разгори и дојде до стагфлација, потоа тешко ќе се вратат работите назад“, вели Фити.
За разлика од него, премиерот Христијан Мицкоски, минатата недела пред Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за новите максимални цени, рече дека намалувањето на ДДВ-то има поголемо влијание врз крајните цени од намалувањето на акцизите.
„Дојдовме до заклучок дека доколку би интервенирале во акцизите, тогаш намалувањето за бензините безоловниот 95 и 98 октански ќе беше 1 денар по литар, а за дизелот ќе беше 2 денара по литар. Затоа одлучивме да имаме поробусна, поголема интервенција и на овој начин се намалуваат цените, отприлика за 6,5 до 7 денари по литар. Но, се разбира состојбата ќе ја следиме и како следна мерка кога веќе тоа намалување би било позначајно, ќе го имаме и тоа предвид. Но сега сакавме поголема, поробусна интервенција за веднаш да почувствуваат граѓаните, да нема зголемување драматично коешто би удрило на стандардот на граѓаните“, изјави тогаш Мицкоски.
Цената на дизелот останува иста, на бензините паѓа: Што плаќаме со секој литар гориво што ќе го наточиме? 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-30 12:48:33 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





