
Граѓанските организации ги повикуваат пратениците да не ги поддржат предложените измени на Законот за игрите на среќа и забавните игри, со кои од законското решение се исклучени граѓанските организации, организациите на лицата со посебни потреби и Црвениот крст како организации кои можат да користат средства за работа со ранливите категории, пишува Порталб.мк.
Преку една реакција организациите велат дека ова не е само техничка измена, туку сериозен преседан кој може да има долгорочни последици за граѓанското општество, заштитата на ранливите категории и демократијата во Македонија.
„Со децении, граѓанските организации обезбедуваат директна поддршка за лица со попреченост, жртви на семејно и родово базирано насилство, стари и изнемоштени лица, деца, млади, жени, Роми и други лица и заедници во ранлива положба. Тие работат на терен, во заедниците, во советувалишта, дневни центри, шелтер-центри и други услуги каде што граѓаните најмногу имаат потреба од поддршка”, се вели во реакцијата.
Од таму истакнуваат дека со предложените измени се отвора ризик средствата наменети за ранливи категории да се распределуваат без јасни, транспарентни и отчетни критериуми, без гаранција дека ќе стигнат до организациите кои имаат искуство, стручност, лиценцирани услуги и директна работа со граѓаните.
„Доколку постојат слабости во досегашниот систем на распределба на средствата, решението не е бришење на граѓанските организации од законот. Решението е подобар, потранспарентен и поотчетен систем: јавни повици, јасни критериуми, независна евалуација, редовен мониторинг и објавување на резултатите од финансираните програми. Затоа, ги повикуваме да пратениците да побараат јавно и јасно образложение од предлагачите на законот: која е причината граѓанските организации, националните инвалидски организации и Црвениот крст да се избришат од законското решение”, велат од граѓанските организации.
Од таму истакнуваат дека бришењето на граѓанскиот сектор од законите е опасен сигнал, бидејќи го отвора прашањето дали во Македонија се појавуваат практики кои го стеснуваат просторот за граѓанско дејствување и ја оддалечуваат земјата од демократските стандарди и европскиот пат.
„Демократските држави не го исклучуваат граѓанското општество од системот. Напротив, тие го препознаваат како партнер, коректив и носител на услуги за граѓаните. Европскиот пат на Македонија подразбира транспарентност, јавна расправа, учество на граѓаните во креирањето политики и заштита на независното граѓанско дејствување. Пратениците имаат одговорност не само да гласаат за законски текстови, туку и да ја заштитат демократијата, јавниот интерес и правата на граѓаните кои најмногу зависат од поддршка”, се вели во реакцијата.
Ние, Мрежата за заштита од дискриминација, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост, Македонската платформа против сиромаштија бараме од пратениците:
- Да не ги поддржат предложените измени во оваа форма.
- Да побараат повлекување или измена на предложениот текст, со цел граѓанските организации, националните инвалидски организации и Црвениот крст да останат јасно препознаени во законот како организации што можат да добиваат и спроведуваат средства наменети за ранливи категории.
- Да организираат јавна расправа и консултации со граѓанските организации, мрежите, националните инвалидски организации, организациите што работат со жртви на насилство, Црвениот крст и другите релевантни чинители.
- Да се заложат за транспарентен и отчетен механизам за распределба на средствата, заснован на јавни повици, јасни критериуми, докажана експертиза, квалитет на услугите и реалните потреби на граѓаните.
„Ова прашање не смее да се гледа како партиско прашање. Ова е прашање на демократија, владеење на правото, транспарентност, европски вредности и заштита на најранливите граѓани. Ги повикуваме пратениците да застанат на страната на јавниот интерес. Ги повикуваме пратениците да ја заштитат улогата на граѓанското општество. Ги повикуваме пратениците да не дозволат граѓанските организации да бидат избришани од законите. Ги повикуваме пратениците да ја заштитат демократијата во Македонија“, се вели меѓу другото во реакцијата.
Во меѓувреме, вчера, на ссостанокот на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, беше задржан ставот дека граѓанските организации се исклучени од процесот на консултации од страна на Министерството за финансии (нацрт-законот не е објавен во ЕНЕР, а за процесот бевме информирани од Собранието).
„За ова ќе биде испратено официјално писмо, а потоа Советот ќе реагира пред Собранието со барање за интервенција преку амандмани“, велат од граѓанските организации.
Оттаму алармираат дека нацрт-законот не е објавен во ЕНЕР за јавни консултации, ниту пак е испратен до Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, иако некои од неговите одредби директно ги засегаат граѓанските организации.
Потсетуваме дека овој нацрт-закон постојано се одолговлекуваше, првично откако беше доставен до Собранието на 7 август 2025 година по согласноста од Владата на 16 јули 2025 година, речиси една година подоцна, во април 2026 година, беше повлечен за допрецизирање, а потоа повторно беше одобрен на 12 мaj од страна на Владата. Во меѓувреме, Собранието го помина на првото читање на 11 јуни.
Законот за казина причина за судир меѓу невладините организации и Владата 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-19 08:55:27 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право






