
Два изолирани кривично-правни настани со напади врз полицијата во две европски држави не ја прават Европа „мртов субјект“. Станува збор за пропаганден обид да се намали довербата и репутацијата на ЕУ како земја во која правата и слободите се практикуваат во рамките на правото, пренесува Вистиномер.мк.
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
че оделе во #педофлскаЕУ а бе ретардирани а бе #ТОРКОВЦИ Европа одамна е мртов субјект само теба розовите наочари да ги извадите ретардирани специјалки
Во склоп на објавата се споделува видео со 2 сегменти кои се однесуваат на два различни кривично-правни настана кои се временски и географски неповрзани. Првиот е од новогодишната ноќ (1 јануари 2026 година), за што во светските медиуми веќе е известувано дека полицијата во Холандија се соочи со невидени нереди поврзани со употреба на пиротехника и досега незабележано ниво на насилство. Според текст на Би Би Си, во 2025 година во Холандија биле потрошени рекордни 129 милиони евра на пиротехника, според информација атрибуирана на холандската асоцијација за пиротехника, поради што од 2026 ќе има забрана за употреба на пиротехника која не е пријавена. На видеото од првата секвенца во објавата се гледа како едно холандско полициско возило е гаѓано со пиротехника во движење.
Втората секвенца од видеото од објавата што ја рецензираме има напис дека е од „исламисти во Шведска кои ја нападнале полицијата“, а на екранот е испишано дека се работи за 30 декември 2025. Но, Вистиномер пронајде фотографија од настанот од 2009 година, во новинарски текст на респектабилен медиум каде кога ќе се погледне околината, зградите, обележјата, начинот на кој се позиционирани полициските возила, евидентно е дека се работи за настанот којшто е презентиран во видеото. Текстот од 2009 година со фотографија од инцидентот презентиран во видеото, информира за настан од оваа година кога антиизраелски активисти се судриле со полицијата во Шведска каде се одигрувал тениски натпревар меѓу Израел и Шведска. Биле фрлани камења и петарди кон полициските возила, биле правени обиди да се пробијат барикадите, а барем 5 лица биле приведени. Инцидентот избил откако 7 илјади луѓе се собрале во Малме на плоштадот за да слушаат говори во кои се осудувала израелската офанзива на Газа, барајќи поддршка за Палестинците.
Криминалните активности и од ваква и од друга природа се решаваат во државите на Европската Унија, согласно кривичното законодавство во секоја засебна држава, а полицијата постои за да се справува со најразлични ситуации. Тоа што во два наврата во различни држави и во различни временски интервали полицајци биле нападнати, не значи дека „Европа е мртов субјект“. Напротив, двата настана се разрешени согласно домашното законодавство и пружен е отпор, вршени се апсења и постапено е согласно полициските овластувања.
Не е точно наведеното во објавата дека „ЕУ е педофилска“. Европската Унија (ЕУ) не промовира педофилија. Таквата изјава е неоснована, погрешна и дел од дезинформации што понекогаш се шират на социјалните мрежи или во пропагандни материјали. ЕУ се противи на педофилијата и сексуалното злоставување на деца и работи на зајакнување на закони и мерки за заштита на децата. Институциите на ЕУ (Европскиот парламент и Советот на ЕУ) работат на значајно продолжување на роковите за гонење на случаи на сексуално злоставување на деца, бидејќи жртвите често пријавуваат со големо задоцнување.
Дигиталните платформи имаат обврска да пријавуваат и блокираат материјали со сексуално злоставување на деца.
ЕУ активно работи да ги заштити децата и да ги заостри законите против педофилијата и сексуалното злоставување: Европската комисија предложи нови правила за борба против сексуалното злоставување на деца, со проширена дефиниција на кривичните дела, зголемени казни и поддршка на жртвите.
Два изолирани кривично-правни настана со напади врз полицијата во две европски држави не ја прават Европа „мртов субјект“, туку тоа е пропаганден обид да се намали довербата и репутацијата на ЕУ како земја во која правата и слободите се практикуваат во рамките на правото. Така и двата настана добија соодветен полициски и институционален одговор. Невистина е наведеното дека ЕУ е „педофилска“ и тоа е дел од пропагандна кампања за демонизирање на Унијата, иако таа законски е голем противник и борец против злоставувањето на децата што е санкционирано во европското кривично право на сите држави од Унијата.
ЕУ развива регулативи што бараат од интернет компании да превенираат, пријавуваат и отстрануваат материјал за злоупотреба на деца. Советот на ЕУ планира нов центар — „EU Centre on Child Sexual Abuse“ — што ќе помага при спроведување на законите и поддршка на жртвите.
Никој официјално во ЕУ не предлага да се легализира педофилијата. Напротив — законот ја дефинира педофилијата како кривично дело во сите земји членки и затоа е дезинформација да се нарече ЕУ „педофилска“.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Се злоупотребуваат два изолирани настани за да се нарече Европа „мртов субјект“ 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-12 13:03:47 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
