
Околу 20 милиони деца на возраст од 12 до 17 години, или речиси секое петто дете, биле изложени на барем една форма на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологија, во текот на само една година во 21 земја, во кои е вклучена и Македонија, проценува најновиот извештај објавен од УНИЦЕФ. Извештајот обединува сведоштва на децата со една од најголемите бази на достапни анкетни податоци за да предупреди на широко распространет тренд на сексуална злоупотреба и експлоатација на деца онлајн и офлајн овозможени од технологијата.
Во извештајот се проценува дека над 15 милиони деца биле изложени на несакана сексуална содржина, од 9 милиони било побарано да се вклучат во сексуални разговори или да споделат сексуални слики против своја волја, а сексуални слики од 4 милиони деца биле споделени без нивна согласност. Меѓутоа, вистинскиот обем на проблемот веројатно е многу поголем поради недоволното пријавување од страна на децата.
„Извештајот открива болна реалност. Повеќе од 20 милиони деца во земјите опфатени со истражувањето биле изложени на несакана експлицитна сексуална содржина или експлоатација преку интернет, често во дигиталните простори каде што учат, играат и се поврзуваат со пријателите“, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел. „Овие искуства предизвикуваат длабоко емоционално и психичко страдање. Многу деца страдаат во тишина, не знаејќи каде да се обратат за помош. Не смееме да го свртиме погледот.“
Според наодите, речиси 60 проценти од случаите се случиле на социјалните мрежи, вклучувајќи ги Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, ТикТок и Вотсап, а 14 проценти од случаите се случиле во онлајн-игри, при што карактеристиките, функциите и дизајнот на платформите се користеле за искористување на довербата, се наведува во извештајот. Во Црна Гора, повеќе од 80 проценти од пријавените случаи вклучувале платформи на социјалните медиуми, додека во Колумбија тие биле поврзани со над половина од случаите.
Во земјите опфатени со истражувањето, во 57 проценти од случаите било вклучено лице што детето веќе го познавало, меѓу кои и врсници, романтични партнери, пријатели и членови на семејството, со што се побиваат претпоставките дека онлајн-злоупотребата првенствено ја вршат непознати лица. Истовремено, 38 проценти од децата првпат го сретнале сторителот на интернет, а доказите покажуваат дека злоупотребата се олеснува преку лажни профили и приватни пораки.
Сексуалната експлоатација и злоупотреба со помош на технологија може длабоко да влијаат врз емотивната благосостојба на децата, нивното чувство на безбедност и доверба во другите. Искуствата што децата ги опишуваат при разговорите во истражувањето честопати се фокусираат на страв, срам, збунетост и изолација, при што многумина се мачат да сфатат што се случило или каде да побараат помош.
„Не знаев како да реагирам… Бев како во шок“, рече една млада жена од Доминиканската Република, откако приватни слики биле објавени без нејзина согласност на 14-годишна возраст. Друга учесничка во истражувањето, размислувајќи за слично искуство, рече дека се чувствувала „како најискористена, највалкана, најлоша личност“.
Според анализата, децата изложени на експлоатација со помош на технологија имале четирипати поголема веројатност да пријават самоубиствени мисли или однесување и самоповредување, а пријавиле и значително повисоко ниво на анксиозност. На пример, во Мексико и Македонија, ризикот од самоубиствени мисли или однесување бил повеќе од осумпати поголем кај децата кои доживеале злоупотреба, додека во Пакистан ризикот од самоповредување бил над седумпати поголем.
Над 40 проценти од случаите на злоупотреба со помош на технологија никогаш не биле обелоденети пред никого, додека помалку од 1 процент биле пријавени до надлежните органи како што се полицијата, социјалните работници или телефонските линии за помош. На глобално ниво, најчестата причина поради која децата молчеле била тоа што не знаеле каде да одат или кому да кажат. Во некои од земјите опфатени со истражувањето, стапките на неоткривање биле уште повисоки, како на пример, во Ерменија, каде што за над половина од случаите никогаш не било кажано никому.
Наодите укажуваат на итна потреба од постапување на владите, технолошките компании и другите чинители заради подобра заштита на децата во дигиталната доба. Во извештајот се повикува на итна акција за дигиталните платформи да бидат „безбедни по дизајн“ со посилна заштита на приватноста на децата, ограничувања за непосакуван контакт од возрасни, побезбедни системи за препораки и подобро откривање и пријавување злоупотреби. Се бара зајакнување на законите, регулативата и одговорноста, обезбедувајќи им на владите извршни инструменти и мерки за решавање на сѐ поразвиените форми на злоупотреба, вклучително сексуална изнуда и материјал со сексуална злоупотреба генериран од вештачка интелигенција, како и градење системи за пријавување и поддршка на кои децата можат да им веруваат, како и вложувања во детска заштита, здравство, правда и социјални услуги.
„Сите ние, вклучувајќи ги владите и технолошките компании, мора да направиме повеќе за да ги заштитиме децата на интернет“, рече Расел.
Според податоците за Македонија се проценува дека 11.727 деца-корисници на интернет на возраст од 12 до 17 години или 9,4% доживеале барем една форма на технолошки олесната сексуална експлоатација и злоупотреба во годината пред истражувањето. Земјата покажува највисока преваленца меѓу деветте земји вклучени во вториот круг од истражувањето кај деца кои добивале закани или уцени да се вклучат во сексуални активности 4,4%, во споредба со просекот од 3% и кај деца кои добивале закани од ширење сексуални слики или видеа од нив 4,2%, во споредба со просекот од 2%.
Исто така, Северна Македонија бележи највисока преваленца меѓу деветте земји кај децата кои пријавиле дека биле креирани сексуални слики или видеа генерирани од вештачка интелигенција што ги прикажуваат нив 4,3%, повеќе од двојно во однос на просекот од 2,0% во сите земји. Овие наоди посочуваат дека новите технологии создаваат нови ризици по безбедноста на децата на интернет.
Осум од десет (80%) инциденти вклучувале некого што детето веќе го познавало, т.е. пријатели, членови на семејството, романтични партнери или познајници, во споредба со просекот од 57% во земјите-учеснички. Ова е највисокиот процент пријавен меѓу земјите вклучени во студијата. Над половина од сторителите 52,8% првпат биле запознати на јавно место, во споредба со просекот од 23% во деветте земји опфатени во анализата. Училиштето и домот, исто така, биле важни места каде што децата првпат ги сретнале сторителите: 18,3% првпат ги сретнале на училиште, а 18,5% дома, во споредба со просекот од 26% и 14%, соодветно. Овие наоди нагласуваат дека злоупотребата со помош на технологија не е само онлајн- појава и често произлегува од постоечките односи на децата и од секојдневните средини. Македонија бележи и најголем процент на полнолетни сторители меѓу деветте земји опфатени во вториот круг од студијата. Речиси шест од десет инциденти 59% вклучувале возрасен сторител, во споредба со просекот од 34%.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-09-03 10:14:51
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право




