

Ова е последна шанса за проектот за регионалната депонија во Свети Николе да успее, бидејќи, како што поминува времето се губат средствата од ИПА, а се зголемува националното учество што значи дека овојпат мора да се склучи договорот, велат од Министерството за животна средина.
Во моментов во тек е постапката за евалуација на компаниите кои се пријавиле на јавниот повик за избор на фирма што ќе треба да ја гради првата регионална депонија по европски стандарди во земјава. Ова е втор повик, откако првиот пропадна заради слаба заинтересиранот. Во повторениот повик, што заврши на крајот на април, како што велат од Министерството, имало многу поголем интерес од компании и подобри понуди, а евалуацијата треба да заврши до крајот на јуни.
Според Весна Индова, раководител на Секторот за ИПА фондови, ова е последната шанса за успешна реализација на овој проект и заради тоа што, во втората фаза е предвидено уште едно финансирање преку ИПА 3, каде се одвоени средства со кои ќе треба да се затворат нестандардните депонии кои во првата фаза продолжија да работат и со кои ќе се набават големи камиони кои ќе транзитораат од претоварните станици до централната депонија, а ќе треба да се купат и контејнери.
„Претходната тендерска постапка беше неуспешна заради слаба заинтересираност на компаниите. за среќа сега е поголема и има понуди во рамки на планираниот буџет, заради што се надеваме дека оваа ќе биде успешна“, вели Индова.

Таа апелираше до градоначалниците на сите 18 општини многу повеќе да се ангажираат за да профункционира регионалното претпријатие со оглед на тоа што преку ИПА проект се изработи целокупната документација со која двата региони се подготвија како да работат со него.
Во моментов, според Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за отпад, регионалното претпријатие за управување со отпад, што го формираа општините од Источниот и Североисточниот регион функционира, но се уште има само еден вработен, директорот. Треба да се формираат нов Управен и Надзорен одбор според условите во новиот закон за јавни претпријатија, а општините ќе треба да одвојуваат од буџетите за да може да функционира, додека не започне со работа новата депонија.
Првиот тендер за регионалната депонија пропадна во октомври минатата година. Според извештајот на Државниот завод за ревизија објавен во јуни лани, проектот за Свети Николе ќе ја чини државата 40 отсто повеќе заради пролонгирањето на роковите и доцнењето на третата фаза, за која се распиша овој тендер. Според ДЗР, во третата фаза од проектот кој вклучува изградба на регионалната депонија и трансфер станиците, државата ќе треба да учествува со 65 отсто од средствата, а европските фондови со 35 отсто, наместо првично предвидените 85 од ЕУ и 15 отсто од буџетот. Инаку, вкупната цена на центарот за третман на отпад изнесува 48,4 милиони евра, но во тие средства се вклучени и првите две фази од проектот, односно набавка на инфрструктура и затворање на дивите депонии.
Депонијата во Свети Николе треба да биде првата од предвидените пет регионални депонии, со кои, според европски стандарди ќе треба да се третира отпадот во земјава. Освен таа во Свети Николе, такви се и депонијата Русино за Полошкиот регион, депонијата Мегленци во Општина Новаци за Пелагонискиот и Југозападниот регион, депонијата Доброшинци за Вардарскиот и Југоисточниот регион и скопската Дрисла.
Според проектот во Мечкуевци, Свети Николе ќе се гради една централна постројка за управување со отпад, како и шест претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и во Берово. Центарот ќе треба да опслужува околу 370.000 лица од кои се генерира отпад од околу 112.094 тони годишно. Домаќинствата ќе имаат две корпи, за отпад што се рециклира и за мешан отпад. Градинарскиот отпад ќе се собира одделно и ќе се носи на компостирање. Предвидено е да се постави и мрежа за извлекување биогас од депонијата за понатамошна енергетска употреба.
Вториот тендер е последна шанса да се изгради регионалната депонија во Свети Николе, пред да пропаднат парите од ЕУ 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-14 10:10:04 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





