
Општина Кичево нема преземено соодветни мерки за наплата на побарувањата, дел од капиталните проекти се реализирани без притоа да бидат утврдени во соодветните програми, без соодветна проектна документација и стручен надзор, додека јавно-приватното партнерство за модернизација на јавното осветлување, со вкупна вредност на договорот од 376.532 илјади денари со вклучен ДДВ односно 6.103.000 евра, поради својата значајна финансиска вредност и долгорочни обврски, претставува прашање од висок ризик за буџетот на општината, покажува ревизијата на ДЗР.
Ревизијата утврди дека постои неусогласеност помеѓу сметководствената и даночната евиденција во вкупен износ од 32.911 илјади денари односно околу 533.000 евра, како и дека се евидентирани побарувања во износ од 14.562 илјади денари, од кои 6.241 илјади денари, односно 43 отсто, се побарувања со старост над 10 години, а 57 отсто од побарувањата, односно 8.321 илјади денари, се постари од 5 години.
„Имајќи предвид дека овие побарувања потекнуваат од минати години и поради непреземени мерки за нивна наплата, постои неизвесност за нивна наплата и не е извршено нивно вредносно усогласување. Иако општината испраќа опомени кои се генерирани преку електронскиот систем за администрирање на даноци и такси, во 2025 година се донесени решенијата за присилна наплата само за 150 даночни обврзници. При наплата на даноците на имот и комуналната такса за фирма, односно назив на деловна просторија, не се пресметува и наплатува камата за износот кој не е платен во пропишаниот рок.“ пишува во ревизијата.
Кај данокот на имот, воспоставениот регистар како база на податоци со кој располага општината не ги содржи сите елементи утврдени во евидентните листови. Иако вредноста на имотот на даночните обврзници се базира на проценки од 2008 година, општината нема преземено активности за вршење ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот. Со увидот во издадените решенија кај 1.341 даночен обврзник, данок на имот е утврден во износ до 200 денари, што упатува на ниско утврдена вредност на имотот.
Неажурниот регистар на недвижен имот, утврдувањето на данокот врз основа на стари проценки, непресметувањето и ненаплатувањето на камата за задоцнето плаќање и непреземањето соодветни мерки за присилна наплата влијаат на помалку остварени приходи во буџетот на Општина Кичево.
Општината во 2024 година нема остварено приходи по основ на комунални такси за користење музика во јавни локали, за истакнување реклами, објави и огласи и надоместок за одржување на јавната чистота. Утврдени се неправилности во давањето под закуп на општинскиот имот и поставувањето на урбаната опрема каде голем број објекти, јавната прометна површина ја користат без издадено одобрение и платена комунална такса за користење простор пред деловни простории за вршење на дејност и без издадени одобренија за вршењето на угостителска дејност надвор од деловниот објект на простор наменет за давање угостителски услуги .
Во однос на бесправно изведените надградби на објекти кои не се во согласност со правосилно издадените одобренија, не се преземаат мерки по спроведениот инспекциски надзор.
Воедно, општината во последните четири години нема иницирано постапка за донесување урбанистички планови и нема подготвено и доставено годишен извештај до Министерството за транспорт за користењето на средствата по овој основ.
„Со ревизијата утврдено е дека дел од капиталните проекти се реализирани без да бидат планирани во рамки на годишната програма за работа, за што во 2024 година по овој основ се исплатени вкупно 57.153 илјади денари односно околу 926.000 евра, а не е подготвен извештај за степенот на реализацијата на активностите. Кај изведбата на капиталните проекти и реконструкцијата на локални улици и патишта се утврдени надминувања на договорените вредности без анексдоговори, отстапувања во изведбата, несоодветен стручен надзор, отсуство на проектна документација и фактурирање на работи кои не се изведени“, стои во ревизијата.
Кај изведбата на капиталните проекти и реконструкцијата на локални улици и патишта се утврдени надминувања на договорените вредности без анексдоговори, отстапувања во изведбата, несоодветен стручен надзор, отсуство на проектна документација и фактурирање на работи кои не се изведени.
Проектот „Реконструкција на спортска сала Јанчица“, со вкупна реализирана вредност од 33.335 илјади денари со ДДВ односно околу 540.000 евра, не е предвиден во програмите за работа и програмите за капитални инвестиции на Општината за 2023 и 2024 година, а во 2024 година се исплатени средства во износ од 8.813 илјади денари.
Исто така и проектот „Реконструкција на општинска зграда“, со вкупна реализирана вредност од 72.246 илјади денари со ДДВ односно околу 1.171.000 евра, не е предвиден во програмите за уредување на градежното земјиште и програмите за капитални инвестиции на Општината за 2022, 2023 и 2024 година, а во 2024 година се исплатени средства во износ од 19.512 илјади денари.
Кај проектот „Изградба на рекреативен парк во с. Зајас“, со вкупна договорена вредност од 29.990 илјади денари со ДДВ, ревизијата утврдила дека за реализација на проектот, кој опфаќа градежни, хортикултурни, хидротехнички и електро инсталациски работи, е издадено Одобрение за поставување урбана опрема, наместо одобрение за градење.
Со теренски увид констатирано е дека рекреативниот парк се наоѓа во влошена и запуштена состојба која отстапува од договорените работи. Опремата е делумно оштетена и нефункционална, нема зеленило, чешмите не одговараат на спецификацијата, а просторот е без одржување, поради што ревизијата не можеше да се увери дека извршените исплати соодветствуваат на реално изведените работи.
Во делот на клучните прашања, ревизијата известува за јавно-приватното партнерство за модернизација на јавното осветлување, кое поради својата значајна финансиска вредност и долгорочни обврски претставува прашање од висок ризик за буџетот на општината. Ревизијата утврди значајни отстапувања во сите фази на постапката, вклучително недостиг на целосна подготвителна документација и слабости во реализацијата на договорот, што создава значителни финансиски и правни ризици во текот на целиот период на реализација на договорот.
Со ревизијата се утврдени и повеќе неправилности во пресметката и исплатата на плати, надоместоци и трансфери кон физички лица, вклучително не пресметан данок на личен доход во износ од 438 илјади денари.
За мобилната телефонија, договорот склучен во декември 2023 година со времетраење од две години е во вкупна вредност од 3.304 илјади денари и опфаќа минимум 100 телефонски броеви и субвенции за набавка на електронски уреди во минимален износ од 2.050 илјади денари со ДДВ. За 100 телефонски броја нема поткрепувачка документација дека се распределени на конкретни вработени, од кои 37 биле целосно неактивни, иако за нив е платена месечна претплата во износ од 52 илјади денари, односно 624 илјади денари годишно.
За изградба и одржување на електричната мрежа и јавното осветлување се исплатени 1.937 илјади денари без соодветна поткрепувачка документација .
ДЗР: Кичево со ненаплатени долгови и проблеми со капиталните проекти 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-15 12:00:31
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

