
Конечниот ревизорски извештај за работењето на Врховниот суд за 2024 година открива низа предизвици од недостиг на судии и административен кадар до финансиски ограничувања и активни судски спорови со вработени. Но и со тужби од вработени кои во судски постапки бараат 4.280 илјади денари, односно околу 70 илјади евра, покажува конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Врховниот суд.
Во тек се 28 судски постапки што се водат пред надлежните судови, кои не се завршени и не може да се пресмета за колку пари ќе биде кусок Судот кој обезбедува единствена примена на законите од страна на судовите.
„Во Врховен суд на Република Северна Македонија, во тек се 28 судски постапки. Судот се јавува како тужена страна врз основа на тужби од вработени по основ на надоместоци и права од работен однос во вкупен износ од 4.280 илјади денари. Бидејќи станува збор за судски постапки што се водат пред надлежните судови до денот на ревизијата конечниот исход од истите не е познат при што постои неизвесност за финансиските импликации на Буџетот на Врховен суд во иднина“ пишува во ревизорскиот извештај.
Ревизорите предупредуваат и на сериозен недостиг на судии. Од предвидените 28 судиски места, на крајот на 2024 година биле пополнети само 11, додека во мај 2025 година бројот се зголемил на 14, вклучувајќи го и претседателот на Судот.
Дополнителен проблем претставува и нефункционирањето на клучни административни позиции. Врховниот суд од септември 2023 година нема судски администратор, што директно влијае врз организацијата и управувањето со судската служба. Во делот на судската полиција, ревизијата утврдува дека се надминати законските ограничувања за прекувремена работа. Исплатени се 781 час повеќе од дозволениот годишен максимум, што укажува на недостиг на кадар.
„Во актот за систематизацијата на Врховниот суд на Република Северна Македонија во делот на судската полиција предвидени се 8 работни места, а пополнети се 5 работни места и тоа: командант, командир, заменик командир и 2 лица судски полицајци. Со увид во документацијата утврдивме дека се исплатени часови за прекувремена работа со што е надминат предвидениот максимум од 190 часа годишно по вработен, односно исплатени се 781 часа над предвидениот максимален број на часови за прекувремена работа. Во 2024 година од страна на Министерството за правда со Допис доставено до Судски буџетски совет побарани се податоци за преземање на професионални војници со навршени 45 години возраст и истиот е доставен до Врховен суд. Командирот на судската полиција информира дека обезбедувањето во судот се врши непрекинато 24 (дваесет и четири) часа, согласно Планот за обезбедување на судот и дека бројната состојба на кадровската екипираност на припадниците на судската полиција во судот е непроменета од 2018 година и истиот е во доволен број и со соодветна подготвеност за да одговори на сите предизвици во извршување на тековните работни задачи“ пишува во извештајот.
И покрај недостатокот на судски полицајци, Судот доставил известување до судски буџетски совет дека кадровската екипираност на припадниците на судската е во доволен број за извршување на работните задачи.
Сериозни забелешки има и за финансирањето на судството. Буџетот за судската власт во 2024 година изнесувал само 0,3 проценти од БДП, што е значително под законски утврдениот минимум. Дополнително, со ребалансот на буџетот биле намалени средствата за судството, што е спротивно на законските одредби.
Ревизијата предупредува дека ваквата состојба може да ја загрози независноста и стабилноста на судската власт, како и да го забави спроведувањето на реформите. Инаку, ревизорите констатираат дека финансиските извештаи на Врховниот суд се објективни и точни, но потенцираат дека се неопходни итни мерки за зајакнување на кадровските капацитети и обезбедување стабилно финансирање.
Додека вработените го тужат врховниот суд за 70 илјади евра ревизијата откри сериозен недостиг на кадар на судии 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-16 09:49:04 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


