Купишта пластичен отпад, градежен шут, дрвја, грмушки и различно ѓубре, се голем дел од причината зошто дождовите кои минатите денови ја зафатија земјава во некои делови предизвикаа катастрофални поплави и оставија стотици луѓе без кров на главата. Одржувањето на проодноста на речните корита повторно е прашање кое се актуелизира само во кризни состојби, иако треба да е редовна активност на локалните самоуправи и државните институции.
Фактот дека реките во земјава се резервни депонии е одамна познат. Тоа уште еднаш се потврди и деновиве кога од Вардар, Треска, Зајаска, Слупчанска и другите реки, покрај вода излеаја и огромни количини отпад.
Деновиве, како што информираат од Центарот за управување со кризи, водостојот на реките полека се намалува и нема нови излевања во критичните региони во Кичево, Тетово, Гостивар, Сарај и Битола, со исклучок на прифатените и надојдените води по течението на реката Вардар низводно од Скопје кон Велес, а се бележи и зголемен водостој на Вардар во Демир Капија.
Сепак, од ЦУК посочуваат дека со оглед временска прогноза од УХМР според која се очекуваат нови врнежи од дожд и снег, кои некаде ќе бидат пообилни, сите екипи ќе бидат алармирани заради можноста за зголемен доток на води во речните корита.
Директорот на ЦУК Мухамед Али, вели дека деновиве на терен каде што се случија поплавите, може да се забележи дека човекот и неговото однесување е најзначајниот фактор што влијае на влошување на состојбите со непочитувањето на непишаните закони на природата. Перманентното фрлање смет и шут насекаде низ доловите, суводолиците, речните корита, мостовите, битно влијае на намалување на проодноста на движењето на водените текови низ речните корита. Тука спаѓа и самоволието во делот на изградба на објекти, помошни објекти во делот на речните корита, неусогласени и вон пропишаните урбанистички планови неводејќи грижа дека реките се склони кон меандрирање.
„Голем дел од објектите кои се изградени во рамки на речните корита не се во согласнст со постоечките Детални урбанистички планоци на општините, ниту пак се легализирани. Јасно е дека градби во близина на реките и речните корита се опасност и по семејствата кои ги изградиле кои се ставаат во директен ризик од поплавување, но се и голема пречка во однос на правецот на движење на водната маса. Просторот за меандрирање на речното корито е склон на проширување, а со самото тоа автоматски и прави заезерување и разлевање на водената маса на поголеми површини. Согласно позитивните законски прописи таквите градби ниту се дозволени, а ниту пак безбедни“, вели Али.
Последиците од поплавите кои ги гледаме денеска се резултат и на негрижата на државата, но и на граѓаните и кон шумите, особено заради неконтролираното диво сечење, со што се зголемува опасноста од ерозија и носењето на буиците од пороите од високите планински поднебја. Со години сме сведоци и на негрижа, а некаде и затварање и на секундарната и терцијалната каналска мрежа во интерес на градба на индивидуални и колективни објекти, проширување на парцели и други интереси што многу влијае која има потреба да се прифатат надојдни води. Иако каналите за одводнување биле плански изградени во добар дел повеќе не постојат или општините прават многу малку за да ги одржуваат. И континуираното и планското чистење и проширување на речните корита вон урбаните и во урбаните средини, вклучително и регулацијата на речните корита е исто така меѓу активностите кои не се високо на агендата на државните и локалните власти.
Во претходните денови, информираат од ЦУК, најкритична беше состојбата во Кичевскиот, Гостиварскиот, Липковскиот и Скопскиот регион, во Општина Сарај. Во Кичево околу 63 семејства останаа без своите живеалишта кои се поплавени од надојдените води. Тие привремено згрижени во спортска сала „Христо Узунов“ додека екипите на општинските јавни претпријатија вршат испумпување на водата од нивните домови. Поплавени се и објекти на болницата. Од надојдените води на Треска и Зајашка река се поплавени и голем број земјоделски парцели
Градоначалникот Александар Јовановски изјави дека се разгледуваат приоритетите за интервенција, потребите за дополнителна механизација и опрема, како и мерките што се преземаат за санација и нормализирање на состојбата. Тој ги посети над 250 лица кои се згрижени во спортската сала и вети дека дека ќе биде направена брза проценка и евиденција на штетите, како и расчистување и санација на критичните точки.
Во Полошкиот регион, Вардар се излеа и поплави над 200 објекти, најголемиот дел во селото Форино, а поплавени беа и локални патишта и ниви и се појавија свлечишта на повеќе места. Центарот за управување со кризи информираше и за затрупани канали во неколку села во регионот.
Во куманово во селото Опае се поплавени ниви по излевањето на Слупчанска река, а ЦУК информира дека во селото Доброшани, заради насобран отпад водите на реката завршиле во нивите. Во Битола, нивото на Црна река изнесува 310 сантиметри, информираат од ЦУК, а поплавена е една куќа. Во Скопје, Вардар се излеа во Зелениково.
Поплавите го извадија ѓубрето од реките 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-17 12:27:19 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
