
Последните неколку години јавноста беше сведок на неколку студентски протести поврзани со конкретни проблеми. Иако малубројни, тие претставуваа израз на студентскиот револт и став како и механизам за остварување на своите права во моменти кога студентскиот глас не бил слушнат на друг начин. Сепак, и години подоцна, студентите се соочуваат со истите или нови проблеми додека протестните движења постепено исчезнуваат од јавниот простор.
Протест без студентска маса: обид за мобилизација или манипулација?
Како најактуелен, од пред десетина дена, беше најавениот „студентски“ протест против оданочувањето на парите кои студентите ги заработиле преку Work&Travel во Германија. Причината беше тоа што Управата за јавни приходи (УЈП), од студентите ненајавено побара да си платат данок со изговор дека се следат законските акти кои важат од предходно. Законите кои постоеле со години, за првпат профункционираа годинава за студентите, а дополнително, според нејасните насоки на УЈП, сè уште не се знае дали данокот ќе се плаќа само за 2025 години или пак и за останатите години кога студентие работеле сезонски во странство.
На протестот, пак, кој се одржа на 15 април, присуствуваа само двајца студенти во толпа од 30-тина луѓе. Останатите, поранешни вработени на мисиите во Авганистан и Ирак протестираа за нивна конретна цел која не е поврзана со онаа на студентите.
За протестот кој беше организиран преку вибер група, нејасно беше кој е иницијаторот и организатор за протестот, а во самата група пишуваа и поранешните вработени на мисиите. Всушност, студентскиот протест не беше студентски, туку обид за манипиулација на студентите, да излезат на простест кој беше преземан од друга група на граѓани за друга цел.
Дали студентски протести стануваат дел од историјата?
На прашањето дали има се помалку студентски протести и помалку причини за студентите да излезат, поранешните претседатели на Универзитетското студентско собрание (УСС), Александар Николовски, Славчо Темелковски и Ева Цветковска имаат различни гледишта за тоа дали студентските протести замираат, но се согласуваат дека мобилизацијата зависи од интензитетот на конкретните проблеми со кои се соочуваат студентите.

Николовски смета дека протестите не замираат, туку дека моментално нема доволно силен повод за масовна мобилизација.
„Сметам дека ако на пример не се зголеми оброкот согласно инфлацијата годинава, студентите ќе имаат причина за протести, како и доколку студентските домови не се отворат навреме, како што е најавено за оваа есен. Не сметам дека протестите замираат, но доволна маса за протест се создава во случај на нерешлив проблем“, вели тој.
Цветковска оценува дека денешните студентски активности се значително помалку изразени во споредба со периодот на Студентскиот пленум, но нагласува дека не е реално протестите да бидат постојани.
„Не би било здраво да има премногу чести протести, но студентите за жал тешко се обединуваат масовно за прашања кои директно ги задираат“, посочува таа.
Темелковски, пак, нагласува дека секое организирано дејствување за подобрување на состојбите е неопходно и дека неговото отсуство може да создаде лажно чувство дека проблеми нема.
„Во отстутво на вакво организирање и барање за подобрување на некоја состојба многу лесно се вовлекуваме во замката која значи дека се во моментот е совршено. Тоа е погубно пред сè за една индивидуа,семејство а понатаму и цела заедница“, вели Темелковски.
Дали има критична маса на студенти за протест?
На прашањето дали по слабиот одѕив на протестот за данокот, има критична маса кај студентите за автентичен протест и од каде би требало да дојде иницијативата, предходните студентски лидери се осврнаа на различни аспекти.
Според Николовски, за да се создаде општество со став, треба уште од најрана возраст да се започне со негување на активизам.
„Активизмот треба да се гради уште од основно образование. Ако сакаме општество со став, мора да мислиме стратешки за државата, а не партиски“, нагласува тој.
Цветковска смета дека апатијата и меѓусебната недоверба кај младите го исиснуваат просторот за акција, како и фактот што нема простори за колективна дружба каде младите би ги разменувале своите ставови и проблеми со цел обединување.

„Мислата дека нема ништо да се смени, стравот (или паранојата) дека протестите генерално се организираат од некои политички сили кои имаат корист од нештото, наместо да се има доверба во самите себе како сила која треба да придвижи промени, како и недостигот на солидарност се едни меѓу главните фактори што влијаат на обесхрабрување и ослабување на капацитетот на студентите да се здружат и протестираат“, истакнува таа.
Темелковски вели дека секој што смета дека му се нарушени правата има можност да ги бара преку различни форми на организирање, но додава дека доколку народот не излегува на улица, не може да се заклучи дека има незадоволство.
„Правата не се бараат на интернет, се бараат со аргументи, дебата и став“, вели тој, додавајќи дека особено жали што не се одржала идејата студентскиот марш на 17 ноември да стане традиција.
„Маршот не е протест и не треба да се гледа како политичко дејствување, туку како можност студентите заеднички да ги искажат своите ставови“, посочува Темелковски.
Дали гласот на студентите е доволно уважен во институциите и медиумите?
Николовски оценува дека видливоста на студентските барања зависи од нивната активност, посочувајќи дека во моментов недостасува поширок студентски активизам.
„Треба и самите студенти да се активираат, не само претставниците во студентските организации. Треба јавно да има реакции, ставови и барања и да бидат погласни“, вели тој.
Според него, во актуелниот момент неопходно е да се слушнат ставови од студентите, особено во однос на новиот Закон за високо образование. Тој додава дека се потребни и појасни јавни реакции од претставниците во Националното студентско тело и универзитетските студентски собранија, особено имајќи предвид дека ова тело не е правно препознаено во новото законско решение.
Цветковска, од нејзиното искуство како студентски лидер, оценува дека гласот на студентите често останува само формално признаен, без суштинско влијание врз одлуките.
„Ставовите на студентите најчесто се земаат декларативно, а ретко реално се вклучуваат во процесите на одлучување“, вели таа.
Темелковски смета дека студентските теми се присутни во јавноста, но дека недостасува поголема видливост на нивните успеси.
„Има простор за поголемо истакнување на успесите на студентите, од објавени научни трудови до спортски успеси, стартапи и бизниси создадени од млади. Тоа е важно за да се зајакне нивната позиција и значењето на зборот студент во општеството“, вели тој, предлагајќи медиумите да посветат повеќе простор дневно на вакви содржини.
Дали студентите денес се во подобра позиција отколку порано?
Николовски оценува дека процесите поврзани со подобрување на студентската положба сè уште се одвиваат бавно, иако постојат повеќе законски решенија кои се во подготовка или чекаат усвојување.
„Се уште течат процесите, тие се бавни за жал. На пример Законот за високо образование, законот за студентски стандард, законот за студентска работа доправа треба да се усвојат. Институциите донекаде се доста бавни во исполнувањето на барањата на студентите“, вели тој.
Според него, проблемот е што институционалниот фокус често се префрла на политички процеси, наместо на реализација на студентските барања, додавајќи дека „поголем фокус има на избори, на интересот на партијата, отколку на државата“.
Цветковска, пак смета дека не гледа значителен напредок во однос на положбата на студентите во споредба со претходните години.
„Мислам дека нема некој голем исчекор, но можеби и не следам доволно“, вели таа.

Темелковски вели дека не е директно вклучен во актуелните студентски процеси за да даде конкретна оценка, но посочува дека во неговиот период биле реализирани низа мерки кои, како што наведува, и денес придонесуваат за студентскиот активизам.
„Се воведоа бесплатни билети за МНТ, попусти за опера и балет, се отвори СКЦ, организиравме и студентски вечери на поезијата, како и соработки со институции и организации кои и денес работат со студентите. Простор за напредок секогаш има, а најважно е улогата на студентот во општеството да се зајакнува“, вели Темелковски.
Од „студентски“ протест до студентска апатија: Каде е гласот на младите? 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-27 13:15:22 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


