
Со порастот на температурите се зголемува и ризикот од појава на заболувања што се пренесуваат преку храна, поради што здравствените власти апелираат до граѓаните и до сите кои ракуваат со храна доследно да ги почитуваат основните правила за безбедност и хигиена.
Како што наведува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), ена од најважните препораки е редовното и темелно миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди, особено пред подготовка и консумирање храна, по допирање сурово месо и јајца, како и по користење тоалет. Дополнително, потребно е работните површини и кујнскиот прибор да се одржуваат чисти, а храната да биде заштитена од инсекти и глодари.
„За да се спречи вкрстена контаминација, се препорачува суровата и готовата храна да се чуваат и обработуваат одделно. За сурово месо треба да се користат посебни даски и ножеви, а месото и живината да се складираат во затворени садови во фрижидер. Посебно внимание треба да се посвети на термичката обработка на храната. Месото, живината, јајцата и морските плодови треба да бидат целосно зготвени, при што внатрешната температура на храната треба да достигне најмалку 70 целзиусови степени“, препорачува ИЈЗ.
Подготвената храна не смее да стои на собна температура повеќе од два часа, а во услови кога температурата надминува 32 степени, не повеќе од еден час. Ладната храна треба да се чува на температура под 5 степени, додека топлата треба да се одржува на температура над 60 степени Целзиусови.
Овошјето и зеленчукот треба да се мијат со чиста вода.
„Треба да се користи пастеризирано млеко и млечни производи, редовно да се проверуваат рокот на употреба и да не се консумира храна со променет мирис, вкус или изглед. Во услови на високи температури, се препорачува да се избегнува купување храна од нерегистрирани продавачи, а при патување храната да се транспортира во ладилници или термо-кутии. Исто така, не се препорачува консумирање мраз од непознато потекло, а при прекин на водоснабдувањето или сомнеж за загадена вода да се користи превриена или флаширана вода“, наведено е во препораките на ИЈЗ.
Меѓу најчестите заболувања е салмонелозата, која се поврзува со консумирање недоволно термички обработени јајца, месо, млеко и млечни производи. Честа е и акутната алиментарна интоксикација предизвикана од бактеријата стафилококус ауреускоја се јавува по консумирање храна што подолго време била изложена на несоодветна температура, посебно во летните месеци.
Ризик претставуваат и кампилобактериозата, која најчесто се пренесува преку сирово или недоволно печено пилешко месо, непастеризирано млеко и загадена вода, како и инфекциите со ешерихија коли, кои најчесто се поврзуваат со недоволно обработено месо, свежо млеко, овошје и зеленчук.
Шигелозата и тифусната треска најчесто се шират преку загадена вода, контаминирана храна и нечисти раце, додека хепатитис А се пренесува преку загадена вода, свежо овошје, зеленчук или школки од загадени води.
Чести причинители на гастроентеритис се и норовирусите и ротавирусите, кои се пренесуваат преку загадена храна, вода, смрзната храна, како и преку контакт со контаминирани површини или заразено лице. Паразитарните инфекции, како амебијазата и џардијазата, најчесто се поврзуваат со употреба на загадена вода, мраз, недоволно измиено овошје и зеленчук или сирова храна.
Листериозата, пак, најчесто се јавува по консумирање непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно термички обработено месо, сувомесни производи, чадена риба, свежо овошје и зеленчук, како и готова храна што подолго време била чувана во несоодветни услови. Можно е пренесување на бактеријата и преку директен контакт со инфицирани животни, нивни секрети или контаминирана почва.
Најизложени на ризик од труење со храна се децата, постарите лица, бремените жени и лицата со ослабен имунитет. Кај нив последиците може да бидат посериозни и да бараат болничко лекување.
Најчестите симптоми што се јавуваат по консумирање небезбедна храна или вода се повраќање, дијареја, покачена телесна температура, главоболка, вртоглавица, болки во мускулите, грчеви и болки во стомакот, како и нарушена ресорпција на хранливите материи. Во потешките случаи може да се развијат и инфекции на други органи, поради што лекарите препорачуваат при појава на посилни или продолжени симптоми граѓаните навремено да побараат медицинска помош.
Не јадете храна со променет мирис и вкус, летните горештини носат поголем ризик од инфекции 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-07-18 12:30:34 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


