
Инфлација повисока од 4%, раст на економијата нешто над 3%. И економските аналитичари ги “ревидираа“ проценките за 2026 та, за
ценовниот притисок нагоре а за растот на БДП надолу. Домашната економија е под ризик од надворешни фактори, но дополнително состојбата се проблематизира поради иселувањето и “заглавените“ европски интеграции, пишува „Порталб“.
Економистите прогнозираат : економскиот раст се топи, инфлацијата расте
Годинава економија ќе испорача раст од 3,2% – оценуваат економските аналитичари во новата Анкета на НБМ. Главен надворешен ризик е
влошеното надворешно окружување и зголемената неизвесност поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток. Дополнително, врз растот на БДП силно влијание имаат и степенот на остварување на инфраструктурните проекти, слабата надворешна побарувачка но и незвесноста поврзана со ЕУ интеграцијата.
„Структурните проблеми, а посебно случувањата на пазарот на трудот и емиграцијата, како и неизвесноста поврзана со текот на преговорите со ЕУ и натаму се посочуваат како потенцијални фактори на ограничување на економскиот раст и во следниот период“, се наведува во анкетата на НБМ.
За разлика од прогнозата на економистите за раст на БДП од 3,2%, Владата со ребалансот на Буџетот проектираше дека годинава ќе заврши со економски раст од 3,5%. Додека економскиот раст “се топи“ проценките за ценовен притисок се зголемуваат. Аналитичарите сметаат дека годинава ќе заврши со инфлација од 4,2% и дека нивото над 3% ќе се одржи и следната година.
„Просечната стапка на инфлација ќе изнесува 4,2% во 2026 година и 3,4% во 2027 година. Тие очекуваат дека просечната стапка на инфлација ќе забави уште повеќе и во 2028 година ќе се сведе на 2,9%. И во оваа анкета, испитаниците посебно ја нагласуваат зголемената неизвесност поврзана со случувањата на Блискиот Исток, којашто директно влијае врз цените на нафтата и енергентите, како и нивното прелевање врз транспортните и производствените трошоци“ се наведува во истаржувањето и се додава :
„Повисоките трошоци за енергија и транспорт би се пренеле и врз цените на останатите производи и услуги, што би довело до посилни инфлациски притисоци, имајќи ја предвид увозната зависност на домашната економија“.
Власта и опозицијата со различна “диоптрија“ за економијата
Во обид да ја „амортизира“ инфлацијата Владата повторно псоегна по намалување на акцизата за нафтените деривати откако претходно во
Собранието беше изгласано продолжување на кризна состојба со нафтените деривати до 20 ти октомври. Според премиерот Христијан Мицкоски од една страна со оваа мерка ќе се намали ценовниот притисок а со реализација на капиталните инвестиции ќе се одржи солиден раст на БДП.
„Очекувам и во вториот квартал да имаме солиден раст на бруто домашниот производ, имајќи предвид дека во април месец градежништвото беше над 40%. Трговијата исто така е двоцифрена, раст имаме во туризмот. Буквално во сите сегменти и покрај, би рекол предизвикувачката состојба“, изјави премиерот.
Задоцнети мерки, буџет со финансиски проблеми, вака опозиционерите ја оценуваат економскаата политика на власта.
„Странските директни инвестиции се намалени за над 60%, додека државата за помалку од две години е задолжена со повеќе од 2,5 милијарди евра. Новото поскапување на горивата ќе предизвика дополнителен ценовен бран. Ќе поскапат транспортот, производството и дистрибуцијата, а со тоа и храната и останатите основни производи“, велат од СДСМ.
Меѓупартиски обвинувања има и на релација ВРЕДИ – ДУИ.
„Околу 308 проекти се реализирани досега, што е огромна разлика помеѓу владеењето на Вреди во 24 месеци и претходното владеење на ДУИ од 24 години, кога не беа реализирани повеќето од капиталните инвестиции во локалната самоуправа. Дел од инвестициите се Коридорот 8, сега веќе потпишувањето на договорот за автопатот што треба да се изгради до Блаце“, изјави вицепремиерот Беким Сали.
Според ДУИ, две години по големите ветувања од власта, нема ништо.
„Одговорот е еден и единствен, оставрувањата ги нема не постојат. Постојат само во изборната прпограма од 2024 . Затоа името што денеска најдобро ја опишува оваа групација е името што граѓаните веќе им го дадоа НИШТО. Затоа што по две години власт резултатот е токму тоа, само едно ништо“, соопштија од ДУИ.
Според ребалансираните проценки, годинава ќе заврши со стапка на економски раст од 3,5% и инфлација од 4,5%, при што неговото времетраење се посочува како главен ризик за растот на БДП. Како дополнителни ризици се наведуваат светските протекционистички трговски политики, слабата надворешна побарувачка, климатските промени.
АНАЛИЗА: Неизввесна ЕУ интеграцијата, капитални инвестиции, надворешни ризици, економистите со нова проценка за БДП и инфлацијата 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-07-27 13:53:07 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


