На дебата посветена на извлекување поуки од трагедиите со пожари во ноќни клубови, како оние во клубот „Колектив“ во Букурешт и „Пулс“ во Кочани, претставници од Романија и од Македонија ги споделија искуствата со кои се соочиле и начините на кои институциите одговориле по несреќите. Фокусот на настанот беше ставен на солидарноста, институционалната подготвеност и градењето поефикасни системи за итна реакција.
Настанот насловен како „Букурешт – Кочани: Заздравување преку обединетост – научени лекции и патот кон закрепнувањето“ го отвори амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, кој порача дека процесот на опоравување мора да се води заеднички и потсети дека и земјите членки на ЕУ имаат зад себе тешки искуства со пожари и масовни несреќи.
„Ваквите настани се момент кога треба да се идентификуваат слабостите во системите, да се зајакнат капацитетите и да се обезбедат ресурси за поефикасно справување со идни кризи“, рече Рокас.
Обраќање имаше и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте која истакна дека целта на дебатата не е наметнување на романскиот модел, туку размена на пристапи и заедничко учење од кризите.
„Тука сме за да ја споделиме нашата перспектива и начинот на кој во Романија успеавме да изградиме интегриран систем што придонесува за спасување на милиони животи“, укажа Аксинте, додавајќи дека во Романија околу осум милиони луѓе годишно се соочуваат со итни случаи.
Државниот секретар за цивилна заштита при Министерството за внатрешни работи на Романија, Д-р Раед Афрат имаше своја презентација преку која детално ги спореди двете несреќи предизвикани од пожари. Тој напомена дека поводот за несреќата која се случи во ноќен клуб во Романија во 2015 година, исто така беше употребата на пиротехнички средства, а дополнително фатална беше лесно запаливата полиуретанска акустична пена.
„Стануваше збор за вонредна ситуација од големи размери. Во првиот ден починаа 27 лица при што не беа сите индетификувани, тројца вториот ден, десет на седмиот ден. Вкупно имаше 64 починати и 188 повредени“, рече тој.
Клубот „Колектив“ сместен во стара фабрика во Романија работел со затворен излез за евакуација, без соодветна дозвола за противпожарна заштита, а во просторот кој е предвиден за 80 луѓе, имало 400, раскажа Афрат поврзувајќи ја сличноста со клубот „Пулс“ во Кочани.
„Могумина од преживеаните се здобиле со изгореници на главите кога паднала полиретанскиот акустичена пена од покривот“, изјави тој.
Она што дополнително го отежнало спасувањето е непостоењето на Европскиот механизам за цивилна заштита во тој момент кој овозможува меѓународен брз и координиран трансфер на пациенти, како и распределба на ресурси во рамки на Европската Унија. Афрат направи паралела и со пожарот во Кран-Монтана, каде бил активиран механизамот, што овозможило подобар институционален пристап.
Позитивно за романското искуство, е отворањето на посебна телефонска линија преку која блиските на повредените можеле каде и во каква состојба се. Дополнително Афрат се осврна на вклучувањето на т.н., „Црвен план“, национален протокол за итни состојби што се активира при катастрофи со повеќе жртви, со цел брза мобилизација на медицински и спасувачки служби за спасување животи. Во медицински возила, каде може да се сместат и до четворица, сите преживеани биле транспортирани до болниците.
„Во најкраток рок, на терен беа испратени 42 амбулантни возила и 168 пожарникари, како и 56 лица од Итната медицинска помош. Ова беше можно бидејќи Букурешт располага со голем број тимови, за разлика од помали градови. За час и половина, последниот пациент беше евакуиран. Полесно повредените, кои можеа да одат, самите се упатија кон болниците“, потенцираше Афрат.
Најтешката фаза, како што истакна Афрат, била транспортирањето на критично повредените пациенти, додавајќи дека постоел голем притисок од семејствата и медиумите за итен транфер дури и кога лекарите не се согласувале.
„Притисокот да се изнесат пациентите од земјата беше огромен, иако постоеше ризик некои да не преживеат. Загубивме тројца пациенти, еден почина уште при полетување на авионот. Тоа не беше најдобрата одлука, а вкупно префрливме 44 пациенти“, рече Афрат.
Тој се осврна на моментот дека во периодот што следувал по трагичниот пожар биле проширени многу дезинформации и лажни вести, меѓу кои и дека телата на настраданите се криеле во вреќи. Потоа, како што додаде падна и Владата во Романија.
Кон крајот, како што кажа Афрат, битни се три лекции во вакви ситуации: функционален систем за итни повици и тимови подготвени за брза реакција, што подразбира силна координација меѓу институциите; воспоставување интегриран меѓународен механизам за заштита и трансфер на преживеани; како и јасна соработка со граѓанскиот сектор и медиумите, со цел да се спречи ширење дезинформации и лажни вести во чувствителни и трауматични моменти.
На завршницата на дебатата, швајцарскиот амбасадор во Северна Македонија, Кристоф Зомер, упати неколку пораки. Тој нагласи дека вакви несреќи можат да се случат во секое време и на кое било место, укажувајќи дека одговорност ја делат и институциите што дозволуваат работење на објектите без целосно исполнети безбедносни критериуми. Тој посочи и на солидарност како клучна врска меѓу државите што веќе поминале низ слични трагедии и оние кои се соочуваат со нова криза.
Дебата: Трагедиите во романски „Колектив“ и македонски „Пулс“ како поука за властите 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-02-06 14:44:17 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


