
И покрај законските гаранции за еднаква плата за еднаква работа, жените и понатаму заработуваат помалку од мажите, алармираат од Алијансата за родова еднаквост (GEA) по повод Меѓународниот ден на еднаква плати. Во Македонија, последните официјални податоци покажуваат дека родовиот јаз во платите изнесува околу 12%, а најголемите разлики се забележуваат кај лицата со високо образование и кај вработените на возраст од 45 до 49 години. Ова покажува дека високото образование и професионалното искуство сами по себе не се доволни за да обезбедат еднаква економска положба на жените.
Од организацијата посочуваат дека родовиот јаз во платите не започнува на денот кога се исплаќа платата, туку многу порано, а разликата во заработувачката е видлива последица на невидливите нееднаквости што се акумулираат во текот на целиот работен век на жените.
„Таа започнува со изборот на професија, продолжува преку ограничените можности за напредување, недоволната застапеност на раководни позиции, поголемата грижа за семејството и
домот, нееднаквиот пристап до финансии и претприемништво, а на крајот се рефлектира
и во висината на платата, пензијата и економската сигурност“, велат од Алијансата.
Принципот на еднаква плата за еднаква работа е утврден уште со Договорот од Рим во 1957 година и претставува едно од основните начела на Европската Унија. Сепак, и покрај повеќе од шест децении законски гаранции и политики за еднаков третман, напредокот во намалувањето на родовиот јаз во платите останува бавен.
Според Меѓународната организација на трудот (ILO), жените на глобално ниво и понатаму заработуваат околу 20% помалку од мажите, додека најновите податоци на Евростат покажуваат дека родовиот јаз во платите во Европската Унија во 2024 година изнесува 11,1%. Иако во последните години се бележи постепено намалување на разликите, тие остануваат значајни, особено кај жените на повисоки позиции и во најпродуктивниот дел од работниот век.
Важно е да се нагласи дека родовиот јаз во платите не значи дека секоја жена добива пониска плата од својот машки колега за истото работно место. Тој претставува разлика во просечните заработувачки на сите жени и мажи на пазарот на трудот и е резултат на комбинација од повеќе фактори – хоризонтална и вертикална сегрегација, недоволна застапеност на жените на раководни позиции, почести прекини во кариерата поради семејни обврски, нееднаква распределба на неплатената грижа, но и директна и индиректна дискриминација.
Во текот на изминатата година, анализите на Алијансата за родова еднаквост покажаа дека овие нееднаквости не се ограничени само на платите. Анализата „Родовиот јаз во пристапот до кредити: состојба и предизвици во Северна Македонија“, изработена врз основа на податоци од Народната банка, покажа дека само 13,78% од корпоративните кредити по број и 7,83% по вредност се одобрени на компании во претежна сопственост на жени. Дополнително, анализите за политичката застапеност и лидерството укажуваат дека жените и понатаму се недоволно застапени на позициите каде што се носат најважните економски и политички одлуки. Овие фактори директно влијаат врз нивните можности за професионален развој, повисоки приходи и економска независност.
Родовата еднаквост не е само прашање на човекови права, туку и на економски развој. Истражувањата покажуваат дека поголемото учество на жените на пазарот на трудот, еднаквиот пристап до лидерски позиции и подобриот пристап до финансии придонесуваат за повисока продуктивност, поголема конкурентност на компаниите и поодржлив економски раст.
„Ако сакаме да го намалиме родовиот јаз во платите, мора да престанеме да го гледаме само како прашање на плата. Тој е резултат на сите нееднаквости што жените ги доживуваат во текот на кариерата – од образованието и првото вработување, преку пристапот до финансии и можностите за напредување, до учеството во носењето одлуки. Еднаквата плата е последица на еднаквите
можности, а не обратно“, истакнуваат од Алијансата за родова еднаквост.
Од таму апелираат до институциите, работодавачите и креаторите на политики да креираат мерки и политики што ќе обезбедат поголема транспарентност на платите, еднакви можности за напредување, поголема застапеност на жените на лидерски позиции, подобар пристап до финансии за жените претприемачи и редовно следење на родово разделените статистички податоци.
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат и до 12 отсто помалку од мажите 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-09-18 08:56:19
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

