
Од почетокот на годинава до 18 август, регистрирани вкупно 38 случаи на западно-нилска треска, а во истава година евидентирани се 4 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на западно-нилска треска, пишува во неделниот епидемиолошки извештај за болеста кој го објавија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Сите регистрирани случаи во 2026 година се кај лица кај кои е регистрирана невроинвазивна болест (енцефалитис и/или менингитис) и сите биле хоспитализирани, 37 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и еден во Аџибадем Систина. Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – 24 е регистиран во месец јули. Кај 11 случаи почетокот на симптомите е во месец август, два во
месец јуни, а кај еден случај во месец мај. Во текот на 2026 година, до 18 август, регистрирани се 4 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на ЗНТ. Се работи за машки лица на возраст од 62-83 години, од Скопје кои биле хоспитализиран во КИБФС. Кај три починати лица се регистрирани коморбидитети“, се наведува во извештајот.
Во делот на препораки пишува дека е потребно подигање на свеста кај здравствените работници за болеста, т.е. потребно е центрите за јавно здравје да ги известат матичните лекари, невролозите, педијатрите и инфектолозите од здравствени установи во државата за појавата на ова заболување.
„Се препорачува лабораториско тестирање за ЗНТ кај сомнителни случаи со невроинвазивна форма (како што се случаи со енцефалитис, асептичен менингитис, акутна флакцидна парализа, треска со неодредена етиологија). Комуникација со лабораториите кои спроведуваат тестирање за Западнонилска треска на дневно ниво (активен надзор). Истражување на сите пријавени случаи со цел да се утврди веројатното место на експозиција, факторите на ризик и сериозноста на болеста. Комуникација со болниците со цел здравствената состојба на хоспитализираните случаи да се ажурира секојдневно“, пишува во препораките.
Западно-нилската треска за прв пат во Македонија е регистрирана во 2011 година. Во периодот од 2011 година до крајот на 2025 година, регистрирани се вкупно 54 лабораториски потврдени случаи. За истиот период, регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со оваа болест. Во 2026 година е регистрирано значително зголемување во однос на вкупниот број случаи регистрирани во периодот 2011–2025 година, 38 од 92 вкупно регистрирани случаи (41,3%) од 2011 година до денес се регистрирани само во 2026 година.
Во 2026 година, во Македонија се регистрира значително зголемување на бројот на случаи на WNV во однос на претходните години. Случаите се концентрирани претежно во Скопскиот регион, со најголем број случаи во општините Кисела Вода и Гази Баба. Временската распределба покажува интензивирање на трансмисијата во текот на јули и почетокот на август. Просторната и временската концентрација на случаите, заедно со пријавената епидемија во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел, укажуваат на активна локална циркулација на WNV и потреба од континуирано засилен епидемиолошки надзор и мерки за контрола на векторите.
Согласно последните достапни информации за Западно-нилска треска од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на сезоната на пренос во 2026 година, а заклучно со 13-ти август, идентификувани се 77 региони погодени од вирусот на Западно-нилска треска (WNV) во девет земји во Европа.
Овие региони се наоѓаат во Италија (40), Грција (13), Романија (12), Франција (4), Македонија (3), Шпанија (2), Германија (1), Косово (1) и Србија (1). Деветте земји пријавиле вкупно 429 автохтони (локално стекнати) случаи на инфекција со вирусот на Западно-нилска треска. Од нив, Италија пријавила 224 случаи, Грција 105, Шпанија 42, Македонија 301 , Романија 18, Франција 6, Србија 2, Германија 1 и Косово –
еден случај.
Годинава од западно-нилска треска заболеле вкупно 38, а починале четири лица 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-08-20 11:34:59
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


