
Неинформираноста, несигурноста и ранливоста на пациентите и вкоренетата култура на фаќање „врски“ и давање мито ја „хранат“ корупцијата во јавното здравство. Затоа неопходни се сеопфатни мерки кои ќе ги вклучат и пациентите, и здравствените работници, и надлежните институции во насока на намалување на коруптивните практики. Ова се главните заклучоци од третата јавна трибина „Корупција во здравството – да зборуваме отворено“, која се одржа во Свети Николе.
Од Граѓанската иницијатива на жени – Свети Николе потенцираа дека истражувањето спроведено помеѓу жените во реонот на Штип, Свети Николе и Лозово покажало дека 60 отсто од жените имаат тешкотии при пристапот до здравствени услуги, а речиси 53 отсто се соочуваат со финансиски пречки да ги покријат основните трошоци.
„Тоа нѝ покажува дека сиромаштијата, местото на живеење и пристапот до здравство често се поврзани. Значи, една жена која живее во село и истовремено има финансиски тешкотии е многу повеќе изложена на неправилности, злоупотреби и на ситуации во кои може да почувствува дека нема друг избор, освен да плати, да побара врски или едноставно да се откаже од потребната здравствена услуга“, рече Ирина Поцкова од Граѓанската иницијатива на жени – Свети Николе.
На трибината учествуваше и доктор Горан Андонов, специјалист по медицина на труд, според кого, проблемот со корупцијата е комбинација од повеќе фактори, како нискиот степен на информираност, недостигот на кадар и недоволниот надзор.
„Ако правилата не се јасни, ако листите на чекање не се транспарентни, ако пациентот не знае кому да се обрати и ако контролата е слаба, тогаш се создава простор некој поединец да ја злоупотреби таа ситуација. Затоа борбата против корупцијата не може да се сведе само на тоа да се пронајде и казни поединецот. Мора да се намалат и условите во кои таквото однесување може да се појави“, истакна Андонов.
Јавната трибина се одржа во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита:
Намалување на корупцијата во здравството“ кој го спроведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ. Како дел од проектот беа спроведени истражувања и фокус групи со граѓани и со здравствени работници.
„Еден од најевидентните, и во исто време најзагрижувачки наоди, е дека иако корупцијата во здравството е многу присутна, речиси никој не ги пријавува ваквите случаи. Имено, ниту еден од граѓаните кои рекоа дека се соочиле со корупција, не пријавил во надлежните институции. Во исто време, речиси 84% од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само седум отсто од оние кои имале сознанија за корупција, го пријавиле случајот“, вели Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ.
Учесниците на трибината потенцираа дека борбата против корупцијата во здравството треба да почне со зголемување на транспарентноста и информираноста на пациентите и унапредување на довербата во механизмите за пријавување.
„Дел од граѓаните се плашат од можни последици бидејќи повторно ќе имат потреба од истата здравствена услуга. Други не знаат дали можат да останат анонимни или не веруваат дека нивната пријава ќе донесе промена. Затоа, не е доволно само да постои можност за пријавување, туку неопходно е граѓаните да знаат каде да пријават, како се заштитени и што се случува со нивната пријава“, рече Поцкова.
Последната јавна трибина од карванот „Корупција во здравството – да зборуваме отворено“ ќе се одржи на 17 октомври во Тетово.
ЕСЕ: Корупцијата во здравството се храни од стравот и ранливоста на пациентите 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-05 09:13:30
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

