
Мрежата за заштита од дискриминација потсетува дека законите важат за сите и дека нивното почитување е обврска на секој граѓанин. Истовремено, обврска на институциите е да обезбедат услови законските критериуми да бидат еднакво применливи за сите општествени групи. Кога таквите услови не постојат, последиците најчесто ги чувствуваат веќе ранливите заедници, што дополнително ја продлабочува недовербата во институциите и правниот систем.
Од организацијата нагласуваат дека прашањето за примената на законските услови за управување со моторни возила во изминатите денови прерасна во јавна дебата проследена со сензационализам, генерализации и говор на омраза. Наместо аргументирана и одговорна јавна дискусија за доследна примена на законите и институционалните обврски, јавниот простор беше исполнет со пораки што дополнително ги продлабочуваат поделбите и ја засилуваат стигмата кон цели заедници.
„Нашето општество треба реално да се соочи со фактите и да ги преиспита досегашните практики на социјална интеграција, кои често не ги даваат очекуваните резултати во унапредувањето на правата на ромската заедница. Сè уште постојат сериозни структурни недостатоци што влијаат врз општествениот живот на Ромите, особено во пристапот до образование, вработување и основни услуги,“ велат од Мрежата.
Расизмот кон Ромите, посочуваат, останува клучен фактор поради кој, со децении, бројни политики и стратегии наменети за оваа заедница не ги даваат посакуваните резултати во секојдневниот живот. Повеќекратната дискриминација со која се соочуваат Ромите, особено жените Ромки, се манифестира како во институционалниот третман, така и во општествените ставови и стереотипи.
„На сето ова сме сведоци изминативе неколку денови следејќи го јавниот дискурс кој многу брзо од „возење без возачка дозвола“ прерасна во поделба помеѓу „ние“ и „тие“ – другите, што не заслужуваат ист третман и еднакви права. Нашето општество ја конструираше ромската заедница како суштински поинаква, инфериорна и заканувачка, со цел да го оправда децениското исклучување, дискриминација и нееднаков третман кон Ромите. Овој процес само дополнително ги зацврсти стереотипите и нееднаквата распределба на моќта, претворајќи го конкретното правно прашање во наратив за целата ромска заедница, наместо да се адресираат основните структурни проблеми со кои се соочуваат Ромите“, посочуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.
Образованието е еден од основните предуслови за излез од трансгенерациска сиромаштија, но и понатаму значителен број деца се исклучени од образовниот процес, а дел од оние кои посетуваат настава се соочуваат со сегрегација и покрај пресудите од домашните судови и Европскиот суд за човекови права. Наместо исклучиво казнени пристапи, потребни се системски и долгорочни политики што ќе овозможат пристап до образование, вклучително и образование за возрасни, економска интеграција и социјална поддршка.
Воедно, Мрежата укажува на загрижувачкиот обем на говор на омраза и закани со насилство во јавниот простор. Институциите имаат обврска да реагираат доследно на ваквите појави, без оглед на тоа кон кого се насочени. Во јавната комуникација, особено од страна на високи функционери, неопходен е внимателен и одмерен тон што ќе придонесе кон доверба во институциите и еднаква примена на законите за сите граѓани.
Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-02-06 12:44:43 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


