
Во главниот град на Норвешка, Осло, со еден единствен билет можете да возите од автобус во метро, од метро во трамвај, па дури и на брод кој ве носи до островите во фјордот. Порталб.мк ви пренесува репоража од скандинавската метропола за тоа како функционира јавниот превоз таму. Осло е главен и најголем град во Норвешка. Во општината Осло живеат околу 729 илјади жители, а урбаната зона на градот се протега надвор од административните граници и има над 1,1 милион жители.
Во еден таков град, кој се протега од урбаниот центар сè до периферните населби и ги опфаќа и островите во фјордот, начинот на кој луѓето се движат е важен дел од секојдневниот живот.
Токму тука стапува на сцена интегрираната мрежа на јавниот превоз, каде што автобусите, трамваите, метрото и бродовите се поврзани меѓу себе преку еден единствен систем, кој се применува преку компанијата Ruter.
Во зоната на Ruter, која ги опфаќа Осло и Акерсхус, во текот на 2025 година се остварени 399 милиони патувања со јавниот превоз, што претставува зголемување во споредба со 395 милиони патувања во 2024 година. Ова го прави јавниот превоз еден од главните начини на движење.

Но, тоа што се забележува кога го користите како турист, е едноставноста на системот. Можете да тргнете со автобус од еден дел на градот, да се симнете на некоја станица и да продолжите со метро. Потоа можете да се качите на трамвај или, доколку дестинацијата ви е на некој од островите во Осло, и на брод. Додека ги менувате превозните средства, билетот останува ист.
Ruter ја дели превозната зона на тарифни зони. За патувањата во Зона 1, која го опфаќа Осло, поединечниот билет важи 60 минути од моментот на активирање. Во овие 60 минути вие можете да се качите на автобус, трамвај, метро или брод, и така сè додека билетот е сè уште важечки.
Ако патувањето поминува во други зони, времетраењето на важноста се продолжува за 30 минути за секоја дополнителна зона. Значи, системот не ви наплаќа секој пат кога го менувате превозното средство. Тарифата е врзана со зоната и времето, а не со бројот на автобуси или трамваи што ги користите. Ова е особено практично во град каде што за едно патување може да употребите неколку различни превозни средства.
Автобусите, трамваите и метрото
По улиците на Осло сообраќаат автобуси и трамваи, а подземјето и другите делови од градот се поврзани со метро.
Мрежата на метрото, позната како T-bane, моментално има пет линии, нумерирани од 1 до 5. За секоја од нив возниот ред може да се провери преку планерот на патувања на Ruter или преку мобилната апликација.
Трамваите се еден друг важен елемент на градот. Тие се движат низ улиците на Осло и го поврзуваат центарот со различни градски зони.

Автобусите ја надополнуваат мрежата таму каде што не минува метрото или трамвајот. Но, сите овие превозни средства се дел од истиот систем и за патникот функционираат како една единствена мрежа. Ако апликацијата ви покажува дека за да стигнете до дестинацијата треба да пешачите пет минути, да се качите на автобус, а потоа да се префрлите во метро, немате потреба да купувате три билети. Еден важечки билет го покрива целото ова патување.
Јавен превоз и преку вода
Во Осло јавниот превоз не е ограничен на улици и под земја. Градот има уште еден начин на движење – преку вода.
Осло е град изграден околу фјорд и тоа се одразува и во јавниот превоз. Од областа Акер Бриге можете да се качите на брод кон неколкуте острови во фјордот. На тој начин билетот што сте го купиле за движење низ градот може да ве однесе и надвор од урбаниот центар, кон островите во фјордот, ако дестинацијата и зоната се совпаѓаат со неговата важност.

Станиците и информациите во реално време
Но, интеграцијата не се гледа само кај билетот. Таа се гледа и во начинот на кој е организирано самото патување.
На автобуските и трамвајските станици има дигитални табли на кои се прикажани распоредите на тргнувањата и преостанатото време до пристигнувањето на возилото.
На станиците и во превозните средства има и информации за бројот на линијата, дестинацијата и постојките, додека пак внатре во автобусите на екраните се прикажуваат следните станици и колку време преостанува до нив. Известувањата можат да бидат и во аудио форма, за патниците да слушнат која е следната станица. И мапите се дел од системот – постојат посебни мапи за автобусите, трамваите, метрото и бродовите.

Ова значи дека дури и кога не го познавате градот нема потреба однапред да ја знаете мрежата. Информациите на станицата, во превозното средство и на телефонот ви покажуваат чекор по чекор каде треба да одите, кој превоз да го употребите и каде да се симнете.
Друг елемент е пристапноста за лицата со попреченост и родителите со детски колички. Поголемиот дел од автобусите, трамваите, метрото и бродовите се прилагодени за пристап, а градските автобуси имаат низок под и посебни места за колички за деца и инвалидски колички. Ruter исто така го стандардизира начинот на изградба на станиците, вклучувајќи платформи и ориентациони ленти за лицата со оштетен вид.
На тој начин, организацијата на превозот не завршува со превозното средство што ве носи од една точка до друга. И станицата, таблата, мапата, аудио известувањето и информациите во реално време се дел од истиот систем.
Јавен превоз пријателски настроен кон животната средина
И енергијата е дел од начинот на кој е изграден овој систем. Метрото и трамваите се електрични, а електрификацијата постепено се проширува и кај автобусите и бродовите.
Низ градот веќе сообраќаат стотици електрични автобуси, а во поморскиот превоз се употребуваат и бродови на батерии, со цел да се намали употребата на фосилни горива и емисиите од јавниот превоз.

Колку чини билетот?
Во 2026 година, поединечниот билет за возрасни во рамките на Зона 1 чини 46 норвешки круни (260 денари или 4,2 евра). За оние кои го користат превозот почесто, постојат и периодични билети: за еден ден, една недела, еден месец или една година. На пример, 30 дневниот билет за една зона во Осло моментално чини 655 круни (3.700 денари или 60 евра). 24 часовниот билет, кој чини 137 круни (770 денари или 12 евра), може да биде поекономичен доколку во текот на денот го користите превозот повеќе од трипати, додека пак 30-дневниот билет е поисплатлив за оние кои патуваат редовно. Постојат и намалени тарифи за одредени категории, како децата, младите, студентите и пензионерите.

Сè почнува од апликацијата
Ако патувате во Осло, апликацијата Ruter е практично мапата на превозот во вашиот џеб. Таму пишувате од каде тргнувате и каде сакате да одите, а апликацијата ви покажува дали треба да земете автобус, трамвај, метро, воз или брод, колку треба да пешачите до станицата и каде треба да се префрлите од еден начин на превоз во друг.
Апликацијата не нуди само планирање, туку таму можете и да купите билет без да имате потреба да ги посетувате киосците за печатена картичка. Апликацијата нуди и податоци во реално време, така што можете да видите на мапата каде точно се наоѓа автобусот што вие го чекате. Апликацијата ги прикажува и промените, доцнењата и прекините во мрежата. Ова е особено важно за Осло, каде што линиите можат да се променат поради градежни работи или настани.

Билетот се купува пред да се качите на провозното средство
Во Осло, идеата е билетот (било печатен или онлајн) да биде активиран пред да влезете во превозното средство.
Тој може да се купи и во печатена форма преку картичка за патување, додека пак во автобус или брод може да се купи и за време на патувањето, но со повисока цена. Во трамвај и метро не можете да купите билет откако сте се качиле. Инаку, покрај јавниот превоз, на улиците во Осло се нудат и велосипеди и електрични тротинети под наем. Тие можат да се најдат на различни места низ градот и се користат главно за кратки релации, нудејќи уште еден начин за брзо движење низ населбите, станиците и центарот на градот.

Пишува: Фисник Џелили
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-05 11:41:28
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

